verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Верувајте, опозицијата е виновна за сè!

on 22 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Како-изгледа-Градско-по-славењето-на-СДСМ-Фото-NetPress-NetPress 1

[Рецензија: Вандализам на ниво: Како изгледа Градско по славењето на СДСМ (Фото)]

 

Имаме текст кој не ги следи стандардите на професионалниот новинарски израз. Направен е обид за репортажа, којашто се прелева во коментирање со јасно видлива политичка пристрасност и со извртување на вистината, а сè за дискредитација на еден политички субјект.

Вандализам на ниво Како изгледа Градско по славењето на СДСМ Фото NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: Вандализам на ниво: Како изгледа Градско по славењето на СДСМ (Фото)

 Датум и време на објавување: 15.01.2016, 19:58

 Датум на рецензирање: 19.01.2016

 Рецензент: Александар Пешев

 

ОБВИНУВАЊА БЕЗ ДОКАЗИ

Еве неколку фотографии од уништена комунална опрема, а вие, читателите, треба да поверувате дека тоа е последица од славење на приврзаници на опозициската партија.

Токму вака накратко може да се резимира овој напис, кој е целосно преземен од друг медиум, заедно со насловот и тоа е наведено, но не е посочен линкот. Самата објава, инаку, е нешто помеѓу коментар со политичка пристрасност и извртена репортажа.

Уште во првата реченица имаме генерализација:

„СДСМ слави откако премиерот Никола Груевски, почитувајќи го договорот од Пржино, времено се повлекува од функцијата.“

Потоа се редат серија фотографии од уништена комунална опрема, наводно, последица од прославата за која се пишува. Но, каков доказ има читателот дека штетата не била направена претходно и дека фотографиите навистина сведочат за „настанот“.  Можеби се работи за стари фотографии, преку кои  текстот се обидува да им ги атрибуира штетите на лицата што прославувале?

 

 ДОКАЖАН ГУБИТНИК!

Манирот во кој е креирана и пласирана оваа медиумска содржина открива силна политичка пристрасност. Па, пишуван во тој дух, написот дури го знае и исходот од изборите?! Иако, сè уште е под знак прашалник дали тие навистина ќе се одржат на  24 април или ќе бидат во друг термин, како и тоа дали на нив ќе учествува опозицијата.

Меѓутоа, текстот што го рецензираме и кој залсужува негативна оцена, сепак, знае дека СДСМ ќе доживее пораз на изборите!

„Оваа партија знае дека ќе ги загуби и изборите кои следат, а тоа се докажа со бројните анкети за испитување на јавното мислење.“

Една професионална објава би ги презентирала анкетите што се споменуваат, дозволувајки ѝ на публиката сама да донесе заклучоци за тоа која политичка партија ужива поголема доверба кај народот. И во никој случај не би се обидувала да ја убедува публиката дека одредена политичка опција е докажан губитник! Како што се вели во заклучокот на текстот:

„Но, не е прв пат СДСМ да слави пред да изгуби на избори.Така славеше и Црвенковски и Шекеринска пред да се соочат на избори со народот кој им покажува црвен картон…“

Ваквите објави немаат некаква допирна точка со новинарството, туку наликуваат на пропагандистичка содржина карактеристична за соопштенијата на владејачката партија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести