verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каков шок – талог од кафе во филџан со кафе!

on 22 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК_ Нема да верувате што про_ - http___vistina.mk_ 11

[Рецензија: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!]

 

Овој текст, освен зборот „шок“, ништо шокантно не содржи во себе, а уште помалку дека новата ѕвезда на „Гранд“ била шокирана.

НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе ВистинаЛинкуван наслов на анализираниот напис: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!

Датум и време на објавување: 16.01.2016

Датум на рецензирање: 22.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПЕТПАРЕЧКА ОБЈАВА

„Новата ѕвезда на Гранд во шок: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!“

Кога ќе прочитате ваков наслов, нормално е да помислите дека навистина нешто чудно се појавило во шолјата кафе на пејачот, кој не е ниту именуван во насловот, што уште повеќе ве тера да кликнете на веста.
Но, она што ќе го прочитате и ќе го видите, ќе ве натера да се прашате како е можно да се објавуваат вакви нешта?

„Ален Хасановиќ, македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ додека го пиел своето кафе со пријателите пронашол интересна фигура во својата шолја.“

Почнувате да го читате текстот и си велите „Во ред, можеби некому му испаднало нешто во кафето на Ален Хасановиќ. Ајде да видиме што е тоа толку шокантно“.

Но, тука повторно имаме вртење на истата работа, само што на информацијата ѝ се дава уште поголема „тежина“ со тоа што се нагласува дека фигурата „ги шокира неговите пријатели на Фејсбук“.

И кога ќе отидете подолу, ќе видите фотографија на која има срце од талог кафе. Замисете, во шолјата со кафе, пејачот пронашол талог од кафе! Каков шок, човек да не им поверува на своите очи!

Прво, од текстот не е јасно дали навистина станува збор за пејачот Ален Хасановиќ, бидејќи на фотографијата има само рака која држи филџан. Потоа, од самата фотографија јасно се гледа дека талогот кафе е правен да изгледа како срце.

Ова е една петпаречка информација која не вреди воопшто да се објави, а уште помалку да се пласира како шокантна, од причина што нема никакво значење од општ интерес. Овој текст има само една цел, а тоа е собирање на повеќе кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести