Без факти и извори веста останува вештачка
Објавено во Рецензии
on 22 - 01 - 2016 Автор: Ferikan IljaziНапис: „Опозицискиот совет“ има за цел да му ја исполни желбата на Ајранит Хоџа, или…?!
Опозицискиот совет, во последно време самопрогласен од страна на неговите основачи, сега веќе бледее како идеја, иако уште не направил ниеден чекор кон неговото реално функционирање, во согласност со идејата промовирана од неколку лица, како обединувач на опозициските партии. Од оваа идеја, сега веќе изгледа како да се повлекло и движењето Беса, субјектот што го предложи и дури и го основа овој совет, кој на почеток се нарече натпартиски, а потоа се преименува во опозициски, како што се вика и до овој момент.
Албанската интелектуална маса во Македонија за која се тврдеше дека е носител на овој Совет, на само што не стана дел од него, туку и му се спротистави, сметајќи го како еден сомнителен обид на непознати поединци за да се вклучат сосила во политичката сцена, користејќи ја актуелната хаотична ситуација.
Аналитичарите, новинарите и познатите албански интелектуалци во телевизиските дебати и во разни написи често ја оспорувале оваа иницијатива, сметајќи ја како нејасна, непотребна и бесмислена, дури и ја оценија како обид да се спречи природното обединување на албанската опозиција.
Арјанит Хоџа, поранешен активист на ПДП, потоа и на НД од Имер Селмани (портпарол), сега се смета како претставник на дијаспората (САДМ) раководена од Џеват Шерифи (вујко на Арјанит Хоџа), – е најинтересната фигура на опозицискиот совет, а и како што се зборува тој е главната цел на овој проект.
Неофицијално се вели дека опозицискиот совет е идеја која случајно била „прегрната” од страна на Ким Мехмети а предложена од (САДМ) со цел вклучување на Арјанит Хоџа во политичката сцена, по неуспесите со ПДП и со НД. Ваквата информација ја прави поприфатлива последната изјава на претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села, кој во една телевизиска емисија на ТВ21, изјави дека Хоџа се обидел да стане дел од раководните позици на ДР-ДПА, спротивно на статусните одредби на оваа партија, значи со директно именување, барање што му е одбиено. Арјанит Хоџа по средбите во САД каде и беше одбиен од страна на Зијадин Села за начинот на вклучување во ДР-ДПА, почнал со „нападите” врз Села, дури и во име на „Опозицискиот Совет”, нарекувајќи го причинител за нефункционирање на соработката на опозицијата.
Иако го промени името од„Надпартиски Совет” во „Опозициски Совет”, ова бледо политичко организирање што се обиде да се промовира вештачки, повторно не успева да го исполни ни своето второ име, бидејќи досега ниедна албанска партија, интелектуалец или познато здружение официјално не станало дел од него.
[Рецензија: „Опозицискиот совет“ има за цел да му ја исполни желбата на Ајранит Хоџа, или…?!]
Не би требало да се направат бледи вести, без никаков елемент на информирање. Примерот што го третираме е таков, надуен, и истуркан само од намерата и од личните причини на авторот на текстот, кој се трудел да го деградира Опозицискиот совет кој беше формиран неодамна, но не успеал да цитира ниту еден извор, не зел ниту еден неутрален став на некој што ги познава политичките околности. Новинарот уште од првите реченици почнал да дели негови лични неаргументирани обвиненија и констатации, начин на пишување што го применил во целиот текст.
Линк до оригиналниот напис: “Опозицискиот совет“ има за цел да му ја исполни желбата на Ајранит Хоџа, или…?“
Датум и време на објавување: 02.01.2016
Датум на рецензирање: 12.01.2016
Рецензент: Ферикан Илјази
Новинарот констатира дека идејата на Опозицискиот совет е избледена, дека не презел никаква иницијатива кон реалното функционирање, дека движењето Беса се повлекло од советот.
Ова се коментари за кои се потребни факти.
„Опозицискиот совет, во последно време самопрогласен од страна на неговите основачи, сега веќе бледее како идеја, иако уште не направил ниеден чекор кон неговото реално функционирање, во согласност со идејата промовирана од неколку лица, како обединувач на опозициските партии. Од оваа идеја, сега веќе изгледа како да се повлекло и движењето Беса, субјектот што го предложи и дури и го основа овој совет, кој на почеток се нарече натпартиски, а потоа се преименува во опозициски, како што се вика и до овој момент.“
Како што веќе стана практика на некои портали, да се повикаат на анонимни извори или на аналитичари што никогаш не ги контактирале, или на познавачи на околностите, авторот на овој текст врши општи оценувања што им ги припишува на интелектуалците воопшто.
„Албанската интелектуална маса во Македонија за која се тврдеше дека е носител на овој совет, на само што не стана дел од него, туку и му се спротистави, сметајќи го за еден сомнителен обид на непознати поединци за да се вклучат насила во политичката сцена, користејќи ја актуелната хаотична ситуација. Аналитичарите, новинарите и познатите албански интелектуалци во телевизиските дебати и во разни написи често ја оспоруваа оваа иницијатива, сметајќи ја за нејасна, непотребна и бесмислена, дури и ја оценија како обид да се спречи природното обединување на албанската опозиција.“
Обвиненијата уште повеќе се продлабочуваат со име и со презиме, практика што никогаш не смее да се употребува во новинарството.
„Неофицијално се вели дека опозицискиот совет е идеја која случајно била „прегрната“ од страна на Ким Мехмети а предложена од (САДМ) за вклучување на Арјанит Хоџа во политичката сцена, по неуспесите со ПДП и со НД. Ваквата информација ја прави поприфатлива последната изјава на претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села, кој во една телевизиска емисија на „ТВ21“ изјави дека Хоџа се обидел да стане дел од раководните позици на ДР-ДПА спротивно на статутарните одредби на оваа партија, значи со директно именување, барање што му е одбиено. “
Обвиненијата за Опозицискиот совет како начин на организирање продолжуваат во различни форми, без да се постави ниту еден аргумент. Новинарот дури и си дозволува себеси да го квалификува ова организирање како вештачко, коментари кои обично во професионалното новинарство доаѓаат од политичките аналитичари.
„Иако го промени името од „Натпартиски совет“ на „Опозициски совет“, ова бледо политичко организирање што се обиде да се промовира вештачки, повторно не успева да го исполни ни своето второ име, бидејќи досега ниедна албанска партија, интелектуалец или познато здружение официјално не станало дел од него.“
Ако имаше добра волја за оваа вест да има тежина, поткрепувајќи ја со стабилни факти, новинарот имал можност да контактира со сите учесници во овој совет за да ги потврди овие нејаснотии, недоразбирања или вештачки идеи. Или, пак, најмалку што можел да направи е да се воздржи од коментари и да ги пренесе изјавите на членовите на советот. А не да прави обвиненија што не може да ги потврди.
Во етичкиот Кодекс на новинарите во Македонија пишува:
Доколку информацијата не може да се потврди, или ако станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се напомене и објави. Точноста на информацијата треба да се потврди колку што е можно. Новинарите треба да бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да се потрудат да ја спречат цензурата и искривувањето на информациите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови