Рецензии

А, да се научи азбуката на професионалното новинарство!

на 27. 01. 2016 | |

[Рецензија: Исповед на една скопска проститутка]

  А, да се научи најнапред азбуката на професионалното новинарство! Зошто? Како прво, азбуката на професионалното новинарство вели кога се презема текст, се почитуваат сите авторски и издавачки права што му припаѓаат. Елементарни стандарди што треба да бидат задоволени е написот да биде придружен со оригиналниот наслов, времето на објавувањето, авторот на текстот и на придружните елементи (ако ги има: фотографија, графика, илустрација…), и, се разбира, линк до изворниот текст, доколку текстот го пренесува медиум на интернет-платформа. Ништо од ова нема во текстот што го рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Исповед на една скопска проститутка Датум и време на објавување: 25.01.2016 – 23:05 Датум на рецензирање: 26.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ОРИГИНАЛОТ ОБЈАВЕН ПРД

Анонимни извори и пишувај што сакаш!

на 26. 01. 2016 | |

 

[Рецензија: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори]

  Целиот напис е граден на паушални непроверени информации, врз основа на кои се креира тенденциозна приказна, насочена директно против претседателот на СДСМ. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори     Датум и време на објавување: 21.01.2016 Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ

Уште во првиот пасус се прави спин и се наведува читателот да мисли дека специјалната јавна обвинителка ќе го спаси Заев од затвор и од избори. Идентична, манипулативна порака се испраќа и со насловната конструкција. Во написот, инаку, нема ниту еден доказ дека претседателот

Какофоничен текст од почеток до крај

на 26. 01. 2016 | | sq

[Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти]

Текстот е какофоничен од почеток до крај. Тоа значи дека е неусогласен, збркан и хаотичен. Истовремено, тој е несодржаен, не е објективен, нема изјава од нападнатата страна… Линк до оригиналниот напис: Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти Датум и време на објавување: 22.01.2016, 21:54 Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕ ЗАЕВ, ТУКУ ЖЕРНОВСКИ СЕЧЕЛ ЛЕНТА

Написот прави споредба помеѓу Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по пишувањата во медиумите дека поранешниот премиер сè уште се однесува како прв човек на Владата. Текстот во ниту еден момент не го проблематизира однесувањето на Груевски, туку го критикува однесувањето на Заев. Самиот наслов, пак,

Креирање поинаква „вистина“

на 26. 01. 2016 | | sq
 

[ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ]

  Текстот е коментаторски и едностран, при што со прикривање податоци се обидува да направи спин за причините поради кои опозицискиот СДСМ одлучи да не оди на избори, доколку тие се одржат 24 април. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ Датум и време на објавување: 24.01.2016, 09:51

Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

СПИНУВАЊЕ

„Што се смени од крајот на ноември до средината на јануари? Опозицискиот лидер Зоран Заев за неполни два месеци го смени својот став околу одењето на избори, иако во суштина ништо не е променето.“ Текстот се темели

„Лизгање“ на твит

на 26. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: На 2 февруари Хан повторно во Скопје]

  Пласирана е невистинита информација, но грешката е ненамерна. Лошо е разбран „твитот“ на еврокомесарот за проширување за неговата следна посета на Скопје. Употребената „2“ во овој случај не го означува конкретниот датум. Тоа значи дека Јоханес Хан не доаѓа во Скопје на 2 февруари, како што се тврди во оваа вест.  Линк до оригиналниот напис: На 2 февруари Хан повторно во Скопје  Датум и време на објавување: 21.01.2016  Датум на рецензирање: 23.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески

 

 „2“ НЕ Е ДАТУМ, ТУКУ „ДА“

Написов се „лизнал“ и е класичен пример за незнаење или за слабо разбирање на новите средства за комуникација. „Твитер“ е социјална интернет-мрежа која овозможува корисниците да праќаат и да читаат

Читателот ќе бега од непрофесионални вести

на 26. 01. 2016 | | sq
 

Напис: Претседателот на младината на ДПА, Рустеми ја послуша професорката Каракамишева, го зеде куферот и отиде во Африка

Скопје, 15 јануари – Една потресна фотографија ни доаѓа од Африка. Овојпат наместо да се фотографира некој Африканец, фотографијата е направена од еден Албанец од Куманово. Се дознава дека станува збор за Мухамет Рустеми од Куманово, кој истовремено е и претседател на Демократската младина на Албанците, како дел од партијата на

Нагласено необјективен и манипулативен напис

на 25. 01. 2016 | |

[Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опозиција – затоа ли не бојкотиравме локални, а ќе бојкотираме парламентарни?]

  Овој манипулативен текст креира извртена слика за состанокот на централниот одбор на СДСМ (20 јануари 2016 година), истовремено прејудицирајќи и кој ќе биде губитник на вонредните парламентарни избори најавени за 24 април. Написот во ниту еден момент не се поптпира на аргументи или кедибилен извор за да ја потврди тезата што ја пласира во јавностa.

Линк до оригиналниот напис: Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опозиција – затоа ли не бојкотиравме локални, а ќе бојкотираме парламентарни? Датум и време на објавување: 20.01.2016 22:16 Датум на рецензирање: 21.01.2016 Рецензент: Александар Писарев

 

СОМНИТЕЛНИ ИЗЈАВИ

„Референтиот извор“ на кој се повикува текстот,

Тензија „инспирирана“ од шпекулации

на 25. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ]

    Написот е манипулативен, едностран и сeнзационалистички. Освен низа шпекулации, во текстот нема ниту една конкретна потврда дека атмосферата на централниот одбор на СДСМ навистина била тензична и дека се употребувале свирежи, скандирања и пцости кон дел од членовите. Линк до оригиналниот напис: Тензична атмосфера на Централниот Одбор на СДСМ Датум и време на објавување: 21.01.2016, 15:19 Датум на рецензирање: 23.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

А ИЗЈАВА ОД СДСМ?

Написот којшто, инаку,  е целосно преземен од друг медиум ( тоа е наведено и ставен е линкот),  служи за да се оцрни одлуката на централниот одбор на СДСМ, партијата да не учествува на предвремените парламентарни избори доколку не се исполнат услови за

Ако не мислиш како власта, тогаш си СДСМ?!

на 25. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ]

  Написот е коментаторски и едностран, не се темели на факти и се обидува да ја дискредитира професионалноста на личноста која стои на чело на граѓанската Асоцијација за следење на изборите „Мост“. Во него се испуштаат информации за да се направи спин и да се создаде поинаква слика, која кореспондира со ставовите на власта. Линк до оригиналниот напис: Алексов од МОСТ со исти ставови како на СДСМ Датум и време на објавување: 22.01. 2017,10:22 Датум на рецензирање: 24.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДИСКРЕТИТИРАЊЕ

„Директор на граѓанската асоцијација МОСТ или нов портпарол на СДСМ? Дарко Алексов деновиве настапува со тезите на Зоран Заев, а не ја врши работата за која е

Пропагандата и неточноста го испраќаат новинарот во пензија

на 25. 01. 2016 | | sq

Напис: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по тројцата поранешни премиери, изгледа дека испрати во пензија уште еден македонски премиер. Тој во една емисија се изјасни дека е убеден оти Груевски ќе ја напушти владата меѓу 10 и 15 јануари, што денеска се запечати со оставката на Груевски како премиер на Македонија, известува Тетова сот. Премиерите што ги испрати во пензија Ахмети се Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и вечерва си отиде и Никола Груевски. Инаку премиерот Никола Груевски рече дека утре, преку еден допис, ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Велјановски. /Тетова сот/

[Рецензија: Али Ахмети испрати во пензија уште еден премиер]

Сензационалните наслови