verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Читателот ќе бега од непрофесионални вести

on 26 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Напис: Претседателот на младината на ДПА, Рустеми ја послуша професорката Каракамишева, го зеде куферот и отиде во Африка

Скопје, 15 јануари – Една потресна фотографија ни доаѓа од Африка. Овојпат наместо да се фотографира некој Африканец, фотографијата е направена од еден Албанец од Куманово.

Се дознава дека станува збор за Мухамет Рустеми од Куманово, кој истовремено е и претседател на Демократската младина на Албанците, како дел од партијата на Мендух Тачи.

Сè уште се нејасни причините за неговиот престој во Африка, меѓутоа Рустеми преку една фотографија на алегоричен начин кажува дека во Африка температурата е многу висока, затоа му недостасува и ја бара зимата.

Инаку, престојот на Рустеми во Африка од страна на некои коментатори на мрежата „Фејсбук“, се коментира со сарказам, дека можеби тој ги послушал пораките на македонската професорка Каракамишева, која вели дека Македонските граѓани си заминуваат од земјата поради невозвратената љубов.

[Рецензија: Претседателот на Младината на ДПА, Рустеми, ја послуша Професорката Каракамишева, го зема куферот и отиде во Африка]

Ова е една празна вест што не е од никаков јавен интерес. Недостигот од истражување за нови вести не треба да поттикне вакви написи, што ниту се од јавен интерес, ниту зборуваат за некое кршење на законот и, на крајот на краиштата, не cе ни хумор, ни сатира. Авторот на овој текст употребил една фотографија на претседателот на Демократската младина на ДПА, Мухамет Рустеми, што тој ја направил во Африка и тоа го опишува како да е некој голем настан. Иако има партиска функција, Рустеми во овој случај не направил некаква политичка активност или нешто што би ја заинтересирало јавноста.

Kryetari i RDSH së Rustemi e dëgjon Profesoreshën Karakamisheva e merr kuferin dhe ik në AfrikëЛинк до оригиналниот напис: Претседателот на Младината на ДПА, Рустеми, ја послуша Професорката Каракамишева, го зема куферот и отиде во Африка.

Датум и време на објавување: 15.01.2016

Датум на рецензирање: 17.01.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Уште од самиот наслов, се гледа обидот да се прави хумор со овој настан, но ни хуморот не ја постигнал целта. Новинарот сакал да го поврзе заминувањето на Рустеми со смеата што настана пред некое време на социјалните мрежи по изјавите на универзитетската професорка Тања Каракамишева, која заминувањето на младите од Македонија го објасни со недостигот од љубов во Македонија, или за да ги излечат љубовните рани од неостварената љубов. Вака го насловува авторот неговиот текст.

„Претседателот на младината на ДПА, Рустеми, ја послуша Професорката Каракамишева, го зема куферот и отиде во Африка“

Потоа продолжува со елаборирање на објавата на „Фејсбук“, како да е едно големо истражување.

„Една потресна фотографија ни доаѓа од Африка. Овојпат наместо да се фотографира некој Африканец, фотографијата е направена од еден Албанец од Куманово. Се дознава дека станува збор за Мухамет Рустеми од Куманово, кој истовремено е и претседател на Демократската младина на Албанците, како дел од партијата на Мендух Тачи.“

Новинарот бара одговор за престојот на овој човек во Африка, иако нема ниеден показател дека тој е таму поради неговата функција. Доколку имаше некој настан во Африка со кој ќе можеше да се направи некаква поврзаност, можеби ќе вредеше да се пренесе до јавноста. Но, самиот факт дека овој човек, наводно, приватно отишол во Африка, нема потреба да стане тема на вест.

„Сè уште се нејасни причините за неговиот престој во Африка, меѓутоа Рустеми преку една фотографија на алегоричен начин кажува дека во Африка температурата е многу висока, затоа му недостига и ја бара зимата. Инаку, престојот на Рустеми во Африка од страна на некои коментатори во мрежата „Фејсбук“, се коментира со сарказам дека можеби тој ги послушал пораките на македонската професорка Каракамишева, која вели дека македонските граѓани си заминуваат од земјава поради невозвратената љубов.“

Читателите може да се иритираат од вакви текстови што со наслов покажуваат нешто друго, а друго во содржината. Не треба да се заборави дека тоа што го пишуваме го читаат илјадници луѓе. Едно погрешно третирање може многу да нè чини да ги загубиме читателите, но и нивната доверба во следните текстови што ќе ги пишуваме. Еден погрешен обид за хумор може да ја симне вредноста на сто наши сериозни текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести