verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ferikan Iljazi

Дволичноста на новинарството без факти се сведува на навредливи коментари

на 3. 03. 2017 | | sq

Напис: Дволичноста на Заев и изневерените Aлбанци

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во една дебатна емисија на ТВ21, за време на предизборната кампања, кога имаше потреба за гласовите на Aлбанците, наспроти неколку аналитичари Aлбанци, истакна дека за да ги оствари ветувањата околу остварувањето на двојазичноста во Македонија, и  ако има потреба, ќе го менува и Уставот. Тој и за време на кампањата се обидуваше да ги измами Aлбанците, велејќи дека ако тој стане премиер, ќе го официјализира албанскиот јазик, но пред Mакедонците тој го негираше тоа и велеше дека нема да го менува Уставот. Оваа негова дволичност и измамите на СДСМ денес Aлбанците ги чувствуваат на своја кожа и гледаат дека Зоран Заев е потомок на СДСМ, на „чизмата“ која

Пример кога политичкото новинарство се претвора во жолт печат

на 22. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Зошто Весел Мемеди не беше со Села на средбата со Хан?

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, кој е дел од Алијансата за Aлбанците, не беше дел од делегацијата предводена од Зиадин Села на синоќешната средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Тој минатата недела го придружуваше Села на средбата со pретседателот Иванов. Според некои анонимни портали и според социјалните мрежи, фамозното интервју на Весел Мемеди за ТВ 21  и неговите ставови за Али Ахмети по сè изгледа го налутиле лидерот на НП-ДПА, Зиадин Села. По порталите се шпекулира дека ова е причината за неприсуството на Мемеди, но ова е демантирано од Алијансата, од која истакнуваат дека сето ова е дел од лансирањето на разните шпекулации по порталите. (ИНА)

Нема лек за непрофесионален напис

на 17. 02. 2017 | | sq

 

Напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја Беса!

Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на овие две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде. Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни

„Милионски“ наслов без професионален текст

на 14. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Кому понудија 5 милиони евра за да состави влада со Никола Груевски?!

На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА. Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје. „Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ, и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите

Жежок наслов, млака содржина!

на 26. 01. 2017 | | sq

 

Напис: ЦИА објавува документи во кои пишува како СДСМ го поддржувала режимот на Милошевиќ

Состојбата во Македонија во 1995 година беше влошена, во Белград беше експлоатирана економската независност на Скопје за Србија да може да продолжи со директната трговија со Македонија и да го искористи секој надворешен трговски канал. Освен тоа, придобивката од нелегалната трговија не беше овозможена сè додека Скопје не ги подобри санкциите за еден долг временски период. Македонскиот министер за надворешни работи одамна му признал на американскиот генерал со мисија во Скопје дека неговата земја не може да дозволи санкции бидејќи треба да се одржат трговските врски со Србија. Освен тоа, високи функционери меѓу кои и премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски, за транспорт Бузлевски, примале

Несериозноста на еден напис!

на 12. 01. 2017 | | sq

Напис: Несериозноста на една средба…!

Идејата за обединување на албанскиот политички спектар околку една заедничка платформа во Македонија беше чесна и погодена идеја, за која Aлбанците во Македонија имале потреба овие 25 години. Иако првично беше добредојдена за Aлбанците, последната средба во Приштина кај оспорениот претседател на Косово, кој нема мандат да се појави како обединувачка фигура, бидејќи истиот не успеа да ја исполни оваа улога во Косово поради бојкотот на опозицијата при неговото избирање како претседател, ја избледува оваа чесна иницијатива. Исто така, Албанците во Македонија имаат сè уште свежи сеќавања, кога токму пред изборите истиот тој претседател се замеша во предизборната кампања со некои неискрени титули кои им ги додели на неколку политичари. Исто така, и пристапот што

„Позајмувањето“ вести завршува како „расипан телефон“

на 9. 01. 2017 | | sq, en
  Пишува: Ферикан Илјази Појавата на „позајмување“ вести или дневни информации меѓу порталите, честопати без воопшто да се цитира оригиналот или цитирајќи го на несоодветен начин, е доста присутна во Македонија. Колку за почеток, доволно е да се види првиот наслов што може да се чита во агрегаторите на вести, кој е повторуван најмалку на 15 различни портали. Често се случува кај позајмените вести да не се направи ни обид

„Кардашијанизација“ на медиумите во служба на политиката

на 9. 01. 2017 | | sq

Напис: “Ким Кардашијан” и неговите медиуми!?

  Скопје 25 декември – Обединувањето на албанските лидери на средбата што ја одржаа денеска изгледа некому му пречи многу, па дури и се заложиле многу за оваа средба воопшто да не се случи, известува „Журнал“. Медиумите на „Ким Кардашијан“ денеска отидоа толку далеку со написи од лидерската средба која беше за добра цел за Албанците, но сето ова и не некакво чудо што порталите за кои се знае дека се под влијание на „Ким Кардашијан“, намерно креваат толкава  врева за Албанците никогаш да не можат да се обединат, иако сега имаат историска шанса да се појават пред македонскиот блок за остварување на барањата за добро на Албанците. Од написите што сме ги читале

Новинарството како средство за расчистување политички есапи

на 30. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Лоша вест за Aлбанците, добра за ВМРО: ДУИ привремено зема две важни позиции

  Утре ДИК ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, а во 14 часот официјални претставници ќе ги земат и уверенијата за пратеници. Бидејќи изборите и официјално ќе се прогласат за завршени, министрите од СДСМ ќе бидат разрешени од нивната позиција, а на нивно место ќе се постават замениците министри. Потоа почнува составувањето на Собранието кое ќе го води Бранко Манојловски до избирање на новиот спикер. На местото на Оливер Спасовки во МВР ќе седне заменикот Агим Нухиу, додека во Министерството за труд ќе седне Ибрахим Ибрахими од партијата на Амди Бајрам. Имајќи предвид дека Албанците обично имаат поголеми проблеми со ресорите што

Злоупотребата на децата треба да се критикува, а не да се возвишува

на 16. 12. 2016 | | sq

 

Напис: ВИДЕО: Ахмети го придружуваа децата на паднатите борци на ОНА

Куманово, 4 декември – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во саботата имаше огромен дочек од кумановските Aлбанци и од околината. Со ова паднаа во вода сите континуирани манипулации и шпекулации од неколку несериозни портали и медиуми, кои готват по антиалбанските кујни и повраќаат отров против симболот на албанската стабилност во Македонија, известува „Журнал“. Среде Куманово, лидерот Ахмети цело време беше придружуван од децата на паднатите борци на ОНА, кои сега се школуваат на мајчин јазик, се вработуваат и како и целата албанска младина во Македонија, ги користат плодовите на ослободителната војна во 2001 година. Не случајно, и листата на кандидатите за пратеници во втората единица, каде што се

Претплатете се за најнови вести