verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ferikan Iljazi

Сериозна тема, несериозен пристап

на 16. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Движењето Беса ги злоупотребува децата по митинзи, погледнете како ги полни салите со деца (ФОТО)

Движењето Беса во неможност да собере гласачи и без поддршка, малите училници во кои ги одржува средбите ги полни со деца и со неколку старци. Ова се докажува и преку фотографиите обезбедени од „Актуале“ од еден собир што се одржа во родното место на претседателот на ова движење, во село Ларце од Општина Желино. Како  што се гледа и на обезбедените фотографии, училницата е полна со деца, што подразбира и прекршување на Изборниот законик и злоупотреба на децата во изборна кампања. Народниот правобранител пред неколку денови во едно излагање за медиуми апелираше до учесниците во изборната кампања да не ги злоупотребуваат децата во

Уште едно новинарско фијаско

на 15. 12. 2016 | | sq

 

Напис: ДУИ претрпе фијаско во Кондово

Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Кондово. Иако претходно кадрите на ДУИ во општина Сарај се погрижија да ги ослободат порано децата од училишта за да се наполни салата каде што се одржуваше средбата на ДУИ и иако луѓето беа поканети од куќа до куќа, функционерите на партијата на Ахмети претрпеа вистинско фијаско. Беа пречекани од едвај осум лица. ДУИ го доби најдобриот одговор дека не е посакувана во Кондово, дека жителите на Кондово ја осудуваат криминалноста и аморалноста на ДУИ. Кондово ѝ го даде денеска одговорот на ДУИ за тоа што следува на 11 декември. Кондово не ги трпи предавниците на Албанците.  

[Рецензија: ДУИ претрпе фијаско во

Манипулациите со анкетите се докажуваат со факти, не со озборувања

на 12. 12. 2016 | | sq

 

 

Напис: Кој ги измени резултатите во последен момент во полза на ДУИ?

Иако пред да се објават резултатите од анкетата на агенцијата „Рејтинг“, сигурни извори покажаа резултати кои покажуваа изедначување на рејтингот на ДУИ и на движењето Беса, на телевизијата „24 Вести“ објавија сосема поинакви резултати, во полза на ДУИ. Со ова се остварија предупредувањата на медиумите дека до последен момент биле под притисок за да ги изменат резултатите од анкетата во полза на ДУИ. Дилемите околу оваа анкета го зајакнале уште повеќе  убедувањето дека македонското општество, колку и да е поделено, за едно нешто секогаш имаат консензус, а тоа е, дека во интерес на македонскиот народ е гласовите на Aлбанците да ги освои ДУИ. За да ја наградат

Пропаганда и предвидувања

на 9. 12. 2016 | | sq

 

Напис – Журнал ексклузивно дознава: Во идната Влада ДУИ ќе го преземе Министерството за финансии

Скопје, 30 ноември – „Според изворите на новинската агенција „Журнал“, по изборите на 11 декември ќе има многу промени во политичкиот камп во земјава, при што се очекува Албанците да добијат најмногу кога се работи за поделбата на власта, иако и досега имале добри позиции во управувањето на разни владини ресурси, пренесува „Журнал“. Иако пред некое време „Журнал“ известуваше дека при поделбата на трите главни позиции на чело на државата на албанската партија на власт ќе ѝ припадне местото на претседателот на Собранието, новинската агенција „Журнал“ дознава дека на чело на Министерството за финансии ќе биде член од Демократската унија за интеграција. Инаку, цело

Жедни сме за дебата!

на 5. 12. 2016 | | sq
  Дали некогаш ќе дојде денот кога политичките партии ќе чекаат на ред за да се претстават на екранот на кој било медиум? Дали некогаш ќе се случи партиите да ги молат новинарите, а не новинарите да ги молат партиите?   Пишува: Ферикан ИЛЈАЗИ АРИФИ Дебата ваму, дебата таму, сегде кај има граѓани – политичка дебата. Политика во училиште, на работа, па дури и во градинка. Но, таму каде што

Tолкување резултати за да се фали ДУИ

на 5. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Пораките од анкетите

Независните агенции за истражување на јавноста ја посочија ДУИ како евентуален победник на идните избори. Овие резултати го изразуваат вкупниот број достигнувања на ДУИ и би било наивно да се игнорираат. Стерилната пропаганда против ДУИ доби заслужен одговор со последните истражувања на јавноста. Повторно се потврди довербата во ДУИ, како релевентна и влијателна сила која ќе раководи уште четири години со политичките и со институционалните процеси во земјава. Силата на оваа доверба не е никаква мистерија, но таа најдобро ја изразува  поврзаноста меѓу политичките каузи и работите извршени на терен. ДУИ е синоним за постигнувања во овие 14 години и Албанците не можат да бидат индиферентни кон овој факт. Забелешките што може да се направат

АНАЛИЗА: Како се одвива политичката дебата на ТВ-екраните на албански јазик?

на 10. 08. 2016 | | sq
 

Присуството на дебата на националните телевизии радува, меѓутоа треба уште да се работи на зголемување на нејзиниот квалитет и, воопшто, на нејзината култура, особено кај тие што имаат одговорност повеќе, како платени функционери со парите на народот

  Пишува: Ферикан Илијази Од јануари до март во 2016 година, во политичките емисии на петте национални кабелски и терестријални телевизии со програма на албански јазик, што се предмет на оваа анализа,

Појдовна точка за една вест е вистината, а не спинот

на 4. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Беса го игнорира заедничкиот ифтар на разграноците на опозициските партии на Карадак!

Поранешниот командант на ОНА од Слупчане, Абедин Зимбери, објави една фотографија од заедничкиот ифтар на претседателите на разграноците на Куманово и на Липково од албанските опозициски партии Унитети, ДР-ДПА, НДП и ПДП, известува „Факте“. На состанокот отсуствувало само движењето Беса, а не се дава објаснување за нивното отсуство. На ифтар бил поканет и Абедин Зимбери, кој освен што ја објави оваа фотографија од средбата, напиша: „Шенаси Џеладини, Фатмир Зимбери, Амид Адеми, Менду Јашари, Мемет Бајрами, Исуф Сефери, Адриан Демири, Јуксел Исени.“ „Заеднички ифтар со разграноците на политичките партии на Липково и на Куманово: ДР-ДПА, Унитети, ПДП и НДП. На оваа средба бев поканет и јас како

Ако не е дел од веста, етничката припадност не треба да се споменува

на 30. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Драма во Куманово, Македонецот намерно прегазил семејство Албанци

Едно семејство и нивното четиригодишно дете се прегазени синоќа од автомобил по вербално недоразбирање што се случило на улица Борис Кидрич во Куманово. Т.Д. (23) го пријавил случајот во полиција, кажувајќи дека физички биле нападнати од тројца коии им ја оштетиле колата, но полициската истрага покажала друго нешто. „Извршена е истрага во местото на настанот, каде е констатирано дека вчера околу 22.30 часот, по претходно недоразбирање со С.А. (36) во Куманово, Б.И. управувајќи со возилото „мерцедес ц200“ заедно со сопатниците, неговите браќа  Б.И. и Т.Д. , со предниот дел на автомобилот намерно ги удриле лицата С.А., неговата сопруга М.К. (36) и нивниот четиригодишен син“, информираа денеска од СВР Куманово, пренесува

Tекст со коментари може да стане „нелегитимен“

на 16. 06. 2016 | | sq

Напис: На Ахмети му помина инаетот, „нелегитимниот“ Иванов го нарекува „претседател“

„Лајм“ никогаш не сметал дека ДУИ е сериозна во декларативното барање за „консензуален претседател“ промовирано на претседателските избори од 2014 година, меѓутоа такво нешто полека го потврдува и самиот претседател на ДУИ. Ние уште на почетокот ги поддржувавме и ги промовиравме ставовите на многу албански и македонски интелектуалци, тврдевме дека идејата на ДУИ и на Ахмети за „консензуален претседател“ има единствена цел – да ги спречи Албанците да гласаат против Иванов, и ова полека излегува на видело. Во објавеното интервју денеска на БИРН, Ахмети го нарекува Иванов претседател (различен термин од досегашниот „нелегитимен претседател“, потврдувајќи дека не залудно Талат Џафери учествува во седниците на Советот за безбедност кај Иванов.)

Претплатете се за најнови вести