verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злоупотребата на децата треба да се критикува, а не да се возвишува

on 16 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-165-video_-ahmetin-ne-kumanove-e-shoqeruan-femi_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис: ВИДЕО: Ахмети го придружуваа децата на паднатите борци на ОНА

Куманово, 4 декември – Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во саботата имаше огромен дочек од кумановските Aлбанци и од околината. Со ова паднаа во вода сите континуирани манипулации и шпекулации од неколку несериозни портали и медиуми, кои готват по антиалбанските кујни и повраќаат отров против симболот на албанската стабилност во Македонија, известува „Журнал“.

Среде Куманово, лидерот Ахмети цело време беше придружуван од децата на паднатите борци на ОНА, кои сега се школуваат на мајчин јазик, се вработуваат и како и целата албанска младина во Македонија, ги користат плодовите на ослободителната војна во 2001 година. Не случајно, и листата на кандидатите за пратеници во втората единица, каде што се Куманово, Липково, Арачиново, Чаир и др., е предводена од еден од борците од првите часови на ОНА, Ејуп Алими, додека на листата се наоѓа и синот на националниот херој Абаз Беќири, младиот Фуат Беќири, кој изјавил дека аманетот на неговиот татко полека се реализира.

Ахмети од Куманово ја пренесе пораката за обединување на сите Aлбанци во нивната национална кауза, бидејќи ДУИ ќе биде клучната политичка сила, која по 11 декември ќе ги одредува насоките кон кои ќе оди Македонија.

 

[Рецензија : ВИДЕО: Ахмети го придружуваа децата на паднатите борци на ОНА]

Како што нагласивме и во рецензијата за злоупотребата на децата во предизборна кампања од страна на движењето Беса, текст објавен од порталот „Тетова сот“, ќе дадеме и друг пример за злупотреба на децата за време на кампањата, но кој авторот не го видел како нешто многу штетно. Два случаи, речиси исти, но различни пристапи. Сосема различни.

video-ahmetin-ne-kumanove-e-shoqeruan-femijet-e-deshmoreve-te-uck-seЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Ахмети го придружуваа децата на паднатите борци на ОНА

Датум и време на објавување: 03.12.2016

Датум на рецензирање: 05.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Во овој текст се претставува како гордост, добар гест и успех да се донесат децата на паднатите борци на партиски собир, иако ова е забрането со закони и со меѓународни конвенции за заштита на децата.

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во саботата имаше огромен дочек од кумановските Aлбанци и од околината. Со ова паднаа во вода сите континуирани манипулации и шпекулации од неколку несериозни портали и медиуми, кои готват по антиалбанските кујни и повраќаат отров против симболот на албанската стабилност во Македонија, известува ’Журнал’“.

Aко авторот си дозволува себеси своите колеги да ги нарекува несериозни, тогаш каде е сериозноста на тој што една политичка партија ја нарекува „симбол на стабилноста на албанскиот народ“ или што дава субјективни заклучоци и го возвишува пречекот на оваа партија во Куманово? Дали е новинар или партиски мегафон?

„Среде Куманово, лидерот Ахмети цело време беше придружуван од децата на паднатите борци на ОНА, кои сега се школуваат на мајчин јазик, се вработуваат и како и целата албанска младина во Македонија, ги користат плодовите на ослободителната војна во 2001 година. Не случајно, и листата на кандидатите за пратеници во втората единица, каде што се Куманово, Липково, Арачиново, Чаир и др., е предводена од еден од борците од првите часови на ОНА, Ејуп Алими, додека во листата се наоѓа и синот на националниот херој Абаз Беќири, младиот Фуат Беќири, кој изјавил дека аманетот на неговиот татко полека се реализира“.

 

Овие текстови полни со пофалби предизвикуваат морници. И да е партиско соопштение, не прилега овој стил, а уште помалку кога излегува како производ на една редакција за информативни цели.

Еве го и следниот бисер. Ахмети и ДУИ биле единствената сила, клучните што ќе одредат во која насока ќе оди Македонија. Како ќе се аргументира ова?

„Ахмети од Куманово ја пренесе пораката за обединување на сите Албанци во нивната национална кауза, бидејќи ДУИ ќе биде клучната политичка сила, која по 11 декември ќе ги одредува насоките кон кои  ќе оди Македонија“.

И тој што има основни знаења за политиката, може да разликува блеф, желби и реалност. Кодексот за етика на новинарите има прецизни одредби за ваков тип известувања:

  • Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
  • Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести