verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Милионски“ наслов без професионален текст

on 14 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 263 - Kujt i’u ofruan 5 milionë euro për të_ - http___www.infoshqip.com_kujt-iu-o

 

Напис: Кому понудија 5 милиони евра за да состави влада со Никола Груевски?!

На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА.

Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје.

„Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ, и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите точки од платформата, освен Специјалното обвинителство, а освен тоа ќе им бидат на располагање и 5 милиони евра“, истакнаа за ИНА партиски извори кои имаат информации за овој настан. Парите ги понудила ВМРО-ДПМНЕ, а лобисти биле високи претставници на ДУИ кои прават обиди да направат коалиција со партијата на Груевски, а не со СДСМ.

 

[Рецензија: Кому му  понудија 5 милиони евра за да состави Влада со Никола Груевски?!]

Ваквите ситуации како што е ова во Македонија по изборите, каде што секого го интересира како ќе се одвиваат преговорите и евентуалните договори меѓу партиите за една владина коалиција, некои медиуми ги злоупотребуваат за да претстават непотврдени вести или „невкусни“ написи, само за да добијат што повеќе кликнувања.
Kujt i’u ofruan 5 milionë euro për të formuar Qeverinë me Nikolla Gruevskin InfoShqip.comЛинк до оригиналниот напис: Кому му  понудија 5 милиони евра за да состави Влада со Никола Груевски?!

Датум и време на објавување: 07.02.2017

Датум на рецензирање: 07.02.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Таков е случајот и со овој текст, кој пренесува многу сериозни тврдења, но во тоа нивно претставување нема ништо сериозно. Целиот текст е потпрен на анонимни извори, за кои на почеток се вели дека се неколку, а потоа излегува дека има цитат од „еден партиски извор“. Треба да напоменеме дека веста е преземена од ИНА, но ние ќе го рецензираме написот кој порталот „Инфошќип“ го пренел во целост.

„На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА“.

Тоа што е најиндикативно во овој текст, колку што е сериозно, толку е и смешно. Тука пишува дека редакцијата има сознанија за политичкиот лидeр кој наводно зел пари за коалицијата, но дека нема да го обелодени неговото име. Но, во текстот, „ненамерно“ се обелоденува името на политичкиот субјект, чиј лидер е „лицето кое ги земало парите“, откако се елиминира едниот субјект кој во оваа приказна има улога на посредник, по што остануваат само уште два субјекти.

„Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје

– Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите точки од платформата, освен Специјалното обвинителство, а освен тоа, ќе им бидат на рапсолагање и 5 милиони евра, истакнаа за ИНА партиски извори кои имаат информации за овој настан“.

Божем, поради коректност, не е обелоденето која е личноста што ги зела парите, но содржината во продолжение дава и други асоцијации за да ги „доближи“ читателите до имињата, затоа што остануваат само две опции и со нив може да се игра колку што се сака.

„Парите ги понудила ВМРО-ДПМНЕ, а лобисти биле високи претставници на ДУИ, кои прават обиди да направат коалиција со партијата на Груевски, а не со СДСМ“.

Да го оставиме овој пристап и да бидеме сериозни. Целата ова работа, без неопходните елементи кои треба да ги има една професионална содржина, останува само една приказна, една тенденциозна претпоставка која е напишана од раката на еден новинар. Ако не се има конкретни докази, нема изјави од политичките субјекти на кои се однесуваат овие претпоставки, ако нема конкретни докази за обвинувањата и за шпекулациите, ова вест не може да се смета за веродостојна, а ниту за професионална.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести