verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Жежок наслов, млака содржина!

on 26 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 236 - CIA publikon dokumentacione në të cil_ - http___www.fol.mk_cia-publikon-dok

 

Напис: ЦИА објавува документи во кои пишува како СДСМ го поддржувала режимот на Милошевиќ

Состојбата во Македонија во 1995 година беше влошена, во Белград беше експлоатирана економската независност на Скопје за Србија да може да продолжи со директната трговија со Македонија и да го искористи секој надворешен трговски канал.

Освен тоа, придобивката од нелегалната трговија не беше овозможена сè додека Скопје не ги подобри санкциите за еден долг временски период. Македонскиот министер за надворешни работи одамна му признал на американскиот генерал со мисија во Скопје дека неговата земја не може да дозволи санкции бидејќи треба да се одржат трговските врски со Србија.

Освен тоа, високи функционери меѓу кои и премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски, за транспорт Бузлевски, примале исплати за давање лажни документации и документи за транспорт.

Многу од македонските компании искористиле лажни документи за да ѝ помогнат на Србија да ги избегне санкциите, претставувајќи се сами како корисници на увозот и извозот што беше со центар во Србија.

За наплата, овие компании биле одговорни за нивната документација и за движењето на стоката, а освен ова забележан е и пад од почетокот на јули, секоја недела од овој месец имала помалку вагони што влегле во Србија.

Непрехранбените производи што беа тргнати кон Србија беа најразлични, вклучувајќи хемиски, текстилни производи и др., додека други производи се откриени и есента 1994 година, компјутери и сателитска опрема. Во средината на летото, во  јули, имало и мониторинзи каде што се видени пратки со 10 компјутерски опреми.

Србија придобива девизи од извозот на земјоделските производи, челикот и текстилот на светскиот пазар кои беа етикетирани и како македонски производи.

Неколку претставништва лоцирани во Белград имале претставништва и во Македонија за да се помогне надворешната трговија.

Македонија во меѓувреме увезува нафтени производи за потоа да ги однесе во Србија. Иако податоците не се доволни за да се утврди за колку пратки станува збор, според силите на ОН во Македонија во март и во април, 526 цистерни се примени во Табановце, само во април 20 цистерни со лубрификанти, додека на крајот на 1994 година нафтената рафинерија доставила барање до владата за увоз на повеќе од 30.000 тони нафта или 7.300 барели дневно во Србија.

 

[Рецензија: „ЦИА објавува документи во кои пишува како СДСМ го поддржувала режимот на Милошевиќ“]

Состојбата во Македонија во 1995 година беше влошена, во Белград беше експлоатирана економската независност на Скопје за Србија да може да продолжи  со директната трговија со Македонија и да го искористи секој надворешен трговски канал“. На прв поглед ова изгледа како текст од учебниците по историја, и како таков, нема ништо спорно, ако истиот имаше едно логично продолжение.

CIA publikon dokumentacione në të cilat shkruhet se si LSDM përkrahte regjimin e Millosheviçit – Fol.mkЛинк до оригиналниот напис: ЦИА објавува документи во кои пишува како СДСМ го поддржувала режимот на Милошевиќ

Датум и време на објавување: 23.01.2017

Датум на рецензирање: 24.01.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот е „обземен“ од инспирацијата од бранот на содржини по порталите што беа напишани за неколку документи кои наводно биле откриени од руските тајни служби. Но, на ниедно место содржината не е подржана со факти. Се зборува за тајни информации и сè се пренесува како во чајџилница, кога се прави „муабет за политика“.

Сето ова ќе било покомплетно доколку овој текст не изгледаше како личен поглед на еден новинар. Во содржината нема обид да покаже дали станува збор за документи што кружат по интернетот, од каде излегле, и за што станува збор во оваа информација? А да не е целта, можеби, само да се напишат неколку редови, колку да се наполни страната и да се оправда бомбастичниот наслов?

На крајот на краиштата, и да немаше фотографии од документите за кои се зборува, текстот во најмала рака требаше да поседува точни цитати, одделени од редакцискиот коментар или напис.

Друг момент е тоа што во текстот се спомнуваат имиња на личности кои сè уште се живи, како поранешниот премиер Бранко Црвенковски, кој во најмала рака би требало да биде прашан за став за да ги потврди или демантира овие тврдења. Новинарот треба да се обиде за стапи во контакт со овие лица и да ја исполни целосната слика што треба да биде дадена во една вест.

„Освен тоа, високи функционери меѓу кои и премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски, за транспорт Бузлевски, примале исплати за давање лажни документации и документи за транспорт.“

Вакви текстови треба да се пишуваат многу внимателно , бидејќи може да дојде до ситуација како во вестите за лустрацијата, кога живи и мртви, виновни и невини луѓе, јавно се прогласуваа како соработници на тајните служби на Југославија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести