verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Несериозноста на еден напис!

on 12 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 207 - Joserioziteti i një takimi…! – Tetova_ - http___www.tetovasot.com_2017_01_j

Напис: Несериозноста на една средба…!

Идејата за обединување на албанскиот политички спектар околку една заедничка платформа во Македонија беше чесна и погодена идеја, за која Aлбанците во Македонија имале потреба овие 25 години. Иако првично беше добредојдена за Aлбанците, последната средба во Приштина кај оспорениот претседател на Косово, кој нема мандат да се појави како обединувачка фигура, бидејќи истиот не успеа да ја исполни оваа улога во Косово поради бојкотот на опозицијата при неговото избирање како претседател, ја избледува оваа чесна иницијатива.

Исто така, Албанците во Македонија имаат сè уште свежи сеќавања, кога токму пред изборите истиот тој претседател се замеша во предизборната кампања со некои неискрени титули кои им ги додели на неколку политичари. Исто така, и пристапот што го има Република Косово кон многуте проблеми со кои се соочува оваа држава, а и мистериозната смрт на Астрит Дехари во затвор, кој е со потекло од Македонија, влијаат Тачи да нема добар имиџ кај Албанците во Македонија и ова не му дава право нему да ја користи политичката криза во Македонија за да го подобри својот имиџ во Косово.

Од друга страна, и пристапот на некои албански политички лидери во Македонија требаше да биде поинаков, бидејќи тие имаат директна одговорност за настаните во земјава. Со нивното детско, неодговорно однесување, одбивајќи да седнат заедно на маса за дискусии со други лидери во Македонија, тие забораваат дека и тие ги имаат истите одговорности за Албанците. Нивната подготвеност, пак да седнат заедно во Тирана и во Приштина, уште еднаш ја покажува политичката наивност и недозреаност на овие лидери, кои ненамерно ги инволвираат и официјалните политики на двете албански држави во внатрешната политичка криза на Македонија, што ја создадоа другите.

Од оваа одговорност за последната средба во Приштина не може да се изземаат ни други, можеби и помали лидери според изборите на 11 декември. Иако можеби се најзаслужни за обидите за координација на активностите за седнување на една маса во Македонија, но да седнеш заедно со човекот кој во предизборието дели ордени за да спаси глави на неколку политичари што одамна требаше да бидат дел од историјата и сега да ги поканиш истите на средба, е како да го амнестираш и да им дадеш својство на обединувачи, а тоа без сомнеж не е добро смислен акт и не е коректно поради тие момци кои и со солзавец се обидуваа да ја бранат демократијата кај Албанците.

[Рецензија: „Несериозноста на една средба…!“]

Додека сите ние се обидуваме да го кренеме новинарството на заслужениот пиедестал, над политиката и во интерес на граѓаните, дел од медиумите со нивните написи продолжуваат да ја деградираат професијата и мисијата. Ова се прави со злоупотреба на положбата и криејќи се зад тастатурата, без да се преземе одговорност за клевети, коментари и за разни проценки што не се прифатливи за професионалните новинари.

joserioziteti-i-nje-takimi-tetova-sotЛинк до оригиналниот напис: Несериозноста на една средба!

Датум и време на објавување: 06.01.2017

Датум на рецензирање: 08.01.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Таков е и случајот со овој непотпишан текст, кој потоа е објавен од неколку медиуми. Оригиналниот текст е од порталот „Фол“, но во неможност да се изнесе оригиналот, кој е избришан, ќе ја рецензираме веста на овој портал, бидејќи содржината е иста, само пренесувачот е друг.

Текстот е нејасен и еднаш зборува за внатрешната политика, потоа за надворешната. Не се знае дали зборува аналитичарот или новинарот, кој има информации за последователните настани.

 

„Идејата за обединување на албанскиот политички спектар околку една заедничка платформа во Македонија беше чесна и погодена идеја, за која Aлбанците во Македонија имале потреба овие 25 години. Иако првично беше добредојдена за Aлбанците, последната средба во Приштина кај оспорениот претседател на Косово, кој нема мандат да се појави како обединувачка фигура, бидејќи не успеа да ја исполни оваа улога во Косово поради бојкотот на опозицијата при неговото избирање за претседател, ја избледува оваа чесна иницијатива“.

Потоа продолжуваат коментарите за фигурата на претседателот на Косово.

Исто така, Албанците во Македонија имаат сè уште свежи сеќавања, кога токму пред изборите истиот тој претседател се замеша во предизборната кампања со некои неискрени титули кои им ги додели на неколку политичари. Исто така, и пристапот што го има Република Косово кон многуте проблеми со кои се соочува оваа држава, а и мистериозната смрт на Астрит Дехари во затвор, кој е со потекло од Македонија, влијаат Тачи да нема добар имиџ кај Албанците во Македонија и ова не му дава право да ја користи политичката криза во Македонија за да го подобри својот имиџ во Косово“.

Ова се многу сериозни квалификации и коментари кои можат да се изговорат, односно, во овој случај, да се напишат од раката на еден новинар кој треба да има непристрасен пристап. Секој од нас може да има став или мислење за нечии политики, но тие никогаш не смеат да бидат дел од нашите текстови кои имаат цел да ја информираат јавноста. Текстот оди многу далеку, критикувајќи и дури и навредувајќи двајца државни челници, претседателот на Косово и премиерот на Албанија, поради нивните обиди да ги обединат албанските партии во Македонија. Во содржината се резилат лидерите на овие две држави, а за да се направи ова, треба да се имаат силни причини и докази, а не причина да биде емоцијата или личното мислење на новинарот.

„Од друга страна, и пристапот на некои албански политички лидери во Македонија требаше да биде поинаков, бидејќи тие имаат директна одговорност за настаните во земјава. Со нивното детско, неодговорно однесување, одбивајќи да седнат заедно на маса за дискусии со други лидери во Македонија, тие забораваат дека и тие ги имаат истите одговорности за Албанците. Нивната подготвеност, пак, да седнат заедно во Тирана и во Приштина, уште еднаш ја покажува политичката наивност и недозреаност на овие лидери кои ненамерно ги инволвираат и официјалните политики на двете албански држави во внатрешната политичка криза на Македонија, што ја создадоа другите“.

Не може да има разбирање за критиката кон некој политичар, независно од симпатијата или антипатијата што ја има во неговата матична земја. Се чини, сме ги средиле работите во нашиот двор, па сега ни остана да се занимаваме со дворот на соседот.

„Од оваа одговорност за последната средба во Приштина не може да се изземаат ни други, можеби и помали лидери според изборите на 11 декември. Иако можеби се најзаслужни за обидите за координација на активностите за седнување на една маса во Македонија, но да седнеш заедно со човекот кој во предизборието дели ордени за да спаси глави на неколку политичари што одамна требаше да бидат дел од историјата и сега да ги поканиш истите на средба, е како да ги амнестираш и да им дадеш својство на обединувачи, а тоа без сомнеж не е добро смислен акт и не е коректно поради тие момци кои и со солзавец се обидуваа да ја бранат демократијата кај Албанците“.

Треба да се биде многу внимателен кога се зборува за некоја држава или лидер на некоја друга држава. Многу е полесно да ги критикуваш странските лидери, отколку тие со кои ја делиш истата територија, но ова не треба да се смета како предност и да се злоупотреби. Едно потсетување за тоа што треба да направи еден професионален новинар.

Кодекс на етика на новинарите во Македонија:

  • Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

  • Новинарот треба да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти.

  • Новинарот нема да состави или да обработи свесно информации, кои ги загрозуваат правата или слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да провоцира насилство или дискриминација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, општествена, јазична, политичка, сексуална ориентација…)

  • Новинарот ќе го зачува престижот и достоинството на неговата професија, ќе поттикне заемна солидарност и плурализам на ставови и нема да го користи неговиот медиум за расчистување сметки со разни личности, вклучувајќи ги тука и неговите колеги.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести