verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Нема лек за непрофесионален напис

on 17 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 269 - BDI-ja kërkon shërbim nga VMRO-ja_ sh_ - http___www.infoshqip.com_bdi-ja-ke

 

Напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја Беса!

Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на овие две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде. Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни факти од секаков вид и ова не е нешто ново. Самиот факт што оваа партија секогаш измислува обвинувања од секаков вид за Движењето Беса, нè тера да се сомневаме дека ДУИ сега спас и егзистенција бара кај ВМРО, велејќи ослободете ме од оваа неизлечива болест „бесафобија“. Али, ако дијагнозата ти е „бесафобија“, тогаш, знаеш што велат: за стравот нема лек!

 

[Рецензија: „ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја БЕСА“]

Сè додека се придржуваме на новинарските стандарди на кои сме се заколнале кога сме ја прифатиле оваа одговорна задача, нема да имаме никаков проблем со веродостојноста, читаноста или гледаноста, затоа што читателите знаат да оценат кој работи совесно, а кој работи за нечии туѓи интереси. Треба да се прави разлика меѓу веста и коментарот, меѓу лагата и вистината, и јавноста да не се „бомбардира“ со сé и сешто, било тоа да е нешто потребно или непотребно.

Bdi ja kërkon shërbim nga VMRO ja shkatërrojeni Besën Rruga Drejt Rruga DrejtЛинк до оригиналниот напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја БЕСА!

Датум и време на објавување: 03.02.2017

Датум на рецензирање: 09.02.2017

Рецензент: Ферикан Илјази

Овој напис е преполн со коментари и повеќе наликува на еден есеј, напишан во момент или состојба на збунетост. Во текстот нема обид „стравот“ што го има ДУИ од Движењето Беса да се докаже со факти или конкретни ситуации, туку комотно се ределе коментари по желба и волја на авторот.

„Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на ове две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде.“

За да се истакне уште повеќе коментаторската природа, во написот се употребени зборови или народни изрази, а е утврдена и емоционалната состојба на една личност. По сè изгледа авторот се обидел да игра неколку улоги, само не и таа на новинарот.

„Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни факти од секаков вид и ова не е нешто ново. Самиот факт што оваа партија секогаш измислува обвинувања од секаков вид за Движењето Беса, нè тера да се сомневаме дека ДУИ сега спас и егзистенција бара кај ВМРО, велејќи ослободете ме од оваа неизлечива болест „бесафобија“. Али, ако дијагнозата ти е „бесафобија“, тогаш, знаеш што велат: за стравот нема лек!“

Што можеме да додадеме на ова, освен да ги употребиме зборовите од крајот на овој напис и да истакнеме дека доколку не се почитуваат начелата на новинарството, за ваков вид непрофесионализам – нема лек!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *