verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ferikan Iljazi

Новинарските стандарди не се луксуз, туку обврска

на 16. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Претераниот луксуз на Заев, базен во дневната соба и скапи автомобили!

Струмица, 4 јуни – Фотографиите што сега ги прикажуваме се од семејството на Зоран Заев што се поставени на „Инстаграм“ токму од неговата ќерка, која изгледа ужива статус на едно разгалено дете до тој степен што не секое дете може да го има, а од фотографиите можеме да видиме и дека тие живеат еден мултимилионерски живот, известува „Нетпрес“, пренесува „Журнал“. Вилата во која живеат во Струмица има базен во спалната соба, скап мебел и многу луксузни автомобили. Но, овој луксуз го има целото пошироко семејство на Заев, кои возат коли од „порше“ до „бмв“ и живеат во многу скапи вили и апартмани, пренесува понатаму „Журнал“.  

[Рецензија:

Кредибилитет се стекнува со потврдени вести, а не со написи „во магла“

на 19. 05. 2016 | | sq

Напис: Скандалозно: Мендух Тачи да го земе Садики на испитување за „скандалот“ на неговиот возач!

Друг скандал ја потресе општина Студеничани. Како што најави Агенцијата на вести Журнал пред неколку денови, овој пат оваа општина се потресе поради тоа што возачот на Општина Студеничани, e уапсен во Франција од страна на Француската Полиција за незаконски дела.

ШОФЕРОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САДИКИ СЕ НАОЃА ВО ЗАТВОР ВО ФРАНЦИЈА, ЗЕМА МЕСЕЧНА ПЛАТА ОД ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ!?

Журнал од сигурни извори дозна дека се работи за шоферот со иницијали Р. С. кој е роднина на градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садики. Споменатиот возач пред неколку месеци отишол во Франција, меѓутоа поради едно кривично дело што го извршил на територија на Франција, тој беше уапсен од

Демократија, а не шега – како во политиката, така и во новинарството

на 4. 05. 2016 | | sq

Напис: Беса против Теута; Замир против Ермира; Фатон против Нора;…

Дека демократијата во нашата земја „цути“ е јасно како ден. Не е јасно само кој кого држи заложник, поединците – партијата, партијата – државата… или обратно? Кај албанската партија на власт, ДУИ, последните години се случуваат некои интересни феномени. Основачите на партијата се оддалечија од истата. Некои во други партии, некои формираа нова партија, некои се повлекоа целосно од политичката сцена. Има и такви што влез-излезот во ДУИ го направиле врз основа на дневниот интерес, пишува „Факте“. Во секоја партија има и партиски функционери што имаат членови на семејство што не чекорат по истиот политички пат, но во ДУИ појавата на политичката спротивставеност на братот и на сестрата зема смешни

Новинар и гатач кој ги дешифрира „кодовите“ на јавните личности

на 8. 04. 2016 | | sq

Напис: „Журнал“ го дешифрирал тајниот „код“ на Јанкуловска

Скопје, 24 март – Негативниот став на Јанкуловска кон меѓународниот фактор се изразува и преку сликите што таа ги објавува на својот профил на социјалните мрежи. Денеска таа на својот профил на „Фејсбук“ ја поставила сликата од постерот на филмот „Black Hawk Down“. Инаку, во филмот станува збор за фанатичниот отпор против американските воздухопловни сили, односно за урнатиот хеликоптер од режимот на оваа држава.
Во филмот задача на овие воздухопловни сили е да му делат хуманитарна помош на тамошното население.
Новинската агенција „Журнал“ во обид да ја дешифрира невербалната порака на ставот на Јанкуловска против дипломатските претставници на странските земји, употреби семиотска анализа, наука која го проучува значењето на симболите и на

Аналитичар, социолог, психолог, експерт по безбедност, политичар… што стана со новинарот?

на 6. 04. 2016 | | sq

Напис: Валканата игра на тајните служби против албанските политичари на ДУИ 

Македонската тајна служба, во соработка со албанските партии со исламска заднина, што се очекува да учествуваат на следните избори во Македонија, не избира средства за да ги дискредитира албанските политичари за да дојде на власт. Против политичарите од редовите на ДУИ веќе е почната една валкана кампања. Како што се ближат изборите на 5 јуни во Македонија, на политичката сцена не се избираат средства за да се дискредитираат политичките противници. Вака, на мета на опозициските партии, во последните два дена се најдоа двајца албански политичари од редовите на Демократската унија за интеграција, која е дел од Владата – вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката од редовите на ДУИ, Ермира Мехмети.

Употребата на верските прашања за натпреварување меѓу заедниците е опасна!

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Во Тетово има 10 џамии повеќе  од цркви

Скопје, 19 март – Македонија почнува да се пошумува со православни македонски цркви, кои во Македонија главно се градат по 2001 година. „Журнал“ успеал да обезбеди сигурни информации дека во Тетово, каде  мнозинство се Албанци муслимани, има дури 88 православни македонски цркви кои се изградени главно во периодот по 2000 година. Меѓутоа, бројот на џамии во Тетово и во околината е 98 џамии на муслиманските верници. „Журнал“ пишува дека во Тетово и во околината бројот на џамиите е за 10 повеќе муслимански верски објекти од бројот на православните цркви. ЗАД СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА ГРУЕВСКИ ЈА ИЗГРАДИ СВОЈАТА ЦРКВА, НО БУРМАЛИ-ЏАМИЈАТА НИКОГАШ Инаку, веднаш зад Собранието на Македонија е изградена најголемата црква

Квалитет наспрема квантитет

на 4. 04. 2016 | | sq

Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи

Уапсени се братот и сестрата на Захир Беќири-Чауш, осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи, пренесува „Телеграфи“. За време на контролата, во куќата на Чауш е пронајдена опрема за фалсификување, секачи, отворачи, примероци од пасоши, лични карти, итн. Според обвинителството, оваа опрема е употребена за обработка на фалсификувани лични карти и други документи, додека МВР информира дека првин се уапсени тројца, но ниеден не е задржан во притвор, освен едниот, кој требало да одлежи поранешна казна затвор./Телеграфи/ [Рецензија: Еве што се најде во куќата на Захир Беќири, осомничен за фалсификување документи] Еуфоријата да се направи вест колку да се добијат повеќе кликнувања, полека го убива новинарството. На

Непотврдените „скандали“ не треба да се објавуваат

на 25. 03. 2016 | | sq

Напис: Скандал: Повеќе од 5.000 жители од Косово и од Албанија стекнуваат македонско државјанство за 24 часа?!

Скопје, 16 март – Скандал ја тресе Македонија. Повеќе од 5.000 косовски државјани познати како „Горани“ и албански државјани кои се изјаснуваат како Македонци, експресно обезбедиле македонско државјанство, дознава агенцијата за вести „Журнал“. Сите македонски државјанства на овие странски државјани им се доделени  на шалтерите на Министерството за внатрешни работи, лоцирани во зградата на Македонската радио-телевизија во Скопје. „Журнал“ дознава дека државјанствата се дадени во последниве шест години, поточно од 2010 до 2015 година, кршејќи ги сите закони на Македонија, бидејќи овие граѓани, без да исполнат ниту еден услов стекнале македонско државјанство. Агенцијата за вести „Журнал“ ја дознала маршрутата како косовските и албанските

„Јавните тајни“ – во коментари, во вести се пренесуваат докази и факти

на 16. 03. 2016 | | sq

Напис: ДУИ игра опасна игра, провоцира меѓуверски конфликт… за гласови ѝ е!!!

Ова се моменти кога демонстрантите повикани од ДУИ насилно ги урнаа темелите на крстот во Бутел. Протестот против крстот што се постави во скопски Бутел го предводат градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и многу високи функционери на ДУИ. Од снимките јасно се гледа дека сето ова е однапред подготвено сценарио, од страна на власта ВМРО-ДУИ. Вечерашното сценарио не е прво. Вакви спектакли оваа власт ни подарила и порано, слично како и вечерва. ДУИ ги организираше толпите за да се запре изградбата на црквата на Кале пред неколку години, го организираше и уривањето со чекан на споменикот на Цар Душан. Последниот обид ги надминува сите нормални граници на

Новинарот пишува вести, а не гласини и толкувања на „сништа“

на 15. 03. 2016 | | sq

Напис: ДПА на Тачи признава дека во Сарај ја снемува, Беким Фазлиу може да стане пратеник само „во сон“

Скопје, 9 март – Претседателот на разгранокот на ДПА во Сарај, Сефедин Алиу, на индиректен начин признава дека еден голем број активисти на Мендух Тачи преминуваат во ДР-ДПА, како што е случајот со Евзал Адеми од селото Буковиќ, кој синоќа отворено призна дека преминува во партијата на Али Ахмети, односно во ДУИ. Според претседателот на разгранокот на ДПА, Алиу, лицето Евзал Адеми од Буковиќ е со Села и не е со ДУИ, но синоќа „Журнал“ првпат ја објави веста по барање на Евзал Адеми, кој јавно се изјасни дека конечно застанува во редовите на албанската партија на власт, ДУИ. Преминувањата на

Претплатете се за најнови вести