verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ferikan Iljazi

Политички коментари од устата на новинарот

на 14. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Зошто отиде Мендух Тачи во Долнени?!]

  Текстот што го рецензираме има наклонетост и политички коментари што ги направил новинарот, прекршувајќи ги секое новинарско правило и норма, а врз основа на кои се пишува еден напис. Текстот е ставен во рубриката „Вести“, иако целосно личи на партиско соопштение. Линк до оригиналниот напис: Зошто отиде Мендух Тачи во Долнени?! Датум и време на објавување: 09/11/2015 Датум на рецензија: 09/11/2015 Рецензент: Ферикан Илјази На прв поглед, написот изгледа како да е технички. Само информира за посетата на лидерот на ДПА во Долнени. Но, потоа следуваат обвиненија и коментари на новинарот, кој се поставил во улога на чувар на албанската партија на власт. Авторот на написот дури си зема право да

Неистражувањето ја избледува веста

на 6. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица]

  Текстот што го рецензираме известува за една „шпекулација“, која не успева да ја потврди или, подобро речено, ниту имало обид да се потврди. Авторот на веста на овој портал известува само за „изворите на авторот“ и иако оваа информација тој ја дознал од свои извори, тој тоа го наведува дури на крајот на текстот и тоа само преку едно единствено цитирање. Линк до оригиналниот напис: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица Датум и време на објавување: 29/10/2015 Датум на рецензија: 30/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Написот е мошне тенденциозен, но сепак интересен доколку ги содржеше потребните елементи што би потврдиле дека постои внатрепартиски криминал и корупција. Но, авторот, во недостиг 

Непроверени остануваат само ќебапите

на 3. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Со Мерцедес по ќебапи]   Секоја вест што имаат намера да ја напишат новинарите, треба да тргнe од неколку прашања од истражувачка природа за да се потврди тоа што се пишува, за да се создаде еднa сериозна перцепција за медиумот и за новинарот како професионалец. Веста што ја рецензираме не испочитувала ниедна норма за информирање, туку авторот само ги напишал своите лични коментари врз основа на некои направени слики, без да се обиде да ги аргументира со факти и со дополнителни извори. Линк до оригиналниот наслов: Со Мерцедес по ќебапи Датум и време на објавување: 24/10/2015 Датум на рецензија: 27/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Ова е текст кој информира за влегувањето на едно возило во Старата чаршија, место обезбедено

Структурата на веста е исто толку важна колку и информациите

на 2. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!]   Кога новинарот пишува една вест, треба да направи јасно разграничување кој е неговиот дел, а каде почнува ставот на аналитичарот кој е контактиран. Авторот на текстот што го рецензираме не направил јасно разграничување каде почнува, а каде завршува неговото мислење, бидејќи во вториот пасус на крајот пишува дека ова е оцена на економскиот аналитичар, Исен Ибраими, меѓутоа не кажува точно каде почнува таа оцена. Линк до оригиналниот напис: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?! Датум и време на објавување: 22/10/2015 Датум на рецзензија: 23/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Насловот не ја отсликува содржината на

Без проверка не може да има објавување

на 21. 10. 2015 | | sq
  [Рецензија: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора]   Написот обработува една многу чувствителна тема, но со многу малку елементи што би ја поддржале. Авторот пласира текст за кој се претпоставува дека е писмо испратено од револтираните албански дејци во Чикаго, но нивниот потпис не стои никаде. Ова остава простор за сомнеж кај читателот. Згора на тоа, текстот е и едностран. Страната за која цело време се зборува во текстот, воопшто не е исконтактирана од авторот. Линк до оригиналниот напис: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора Датум и време на објавување: 03/10/2015 Датум на рецензија: 14/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази „Писмото од Чикаго“ кое е претставено од авторот, не содржи веродостојни факти, што би ѝ

Анонимните извори ја прават и веста анонимна

на 21. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“?]

  Во кревки политички и општествени ситуации како актуелната ситуација во Македонија, секоја вест за кадровски промени, повлекување на политичари или создавање нови субјекти, буди голем интерес, особено во општество преокупирано толку многу со политичките збиднувања како нашето. Но, тој факт не треба да се искористи за да се долее што повеќе масло на огнот, тргнувајќи само од тоа што го велат анонимни извори, чии наводи авторот не успева да ги потврди. Линк до оригиналниот наслов: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“? Датум и време на објавување: 14/10/2015 Датум на рецензија: 14/10/2015 Рецензент: Ферикан Илјази Со веста која

Претплатете се за најнови вести