Политички коментари од устата на новинарот
Објавено во Рецензии
on 14 - 11 - 2015 Автор: Ferikan Iljazi
[Рецензија: Зошто отиде Мендух Тачи во Долнени?!]
Текстот што го рецензираме има наклонетост и политички коментари што ги направил новинарот, прекршувајќи ги секое новинарско правило и норма, а врз основа на кои се пишува еден напис. Текстот е ставен во рубриката „Вести“, иако целосно личи на партиско соопштение.
Линк до оригиналниот напис: Зошто отиде Мендух Тачи во Долнени?!
Датум и време на објавување: 09/11/2015
Датум на рецензија: 09/11/2015
Рецензент: Ферикан Илјази
На прв поглед, написот изгледа како да е технички. Само информира за посетата на лидерот на ДПА во Долнени. Но, потоа следуваат обвиненија и коментари на новинарот, кој се поставил во улога на чувар на албанската партија на власт. Авторот на написот дури си зема право да оцени зошто Албанците го изугбиле управувањето со Општина Долнени, која е населена со мнозинство етнички Албанци.
„Кога сме кај прашањето на Долнени, албанскиот електорат има горко искуство, бидејќи губењето на ова општина, (поклонувајќи му ја победата на ВМРО), беше резултат на одбивањето на ДПА да го поддржи кандидатот на ДУИ. Партијата на Али Ахмети, ДУИ, тогаш алармираше, особено за гласовите на селото Црнилиште, (кое што го посетил Тачи), кои што ги имаше добиено кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ДПА, во ова чисто албанско село, а кои што влијаеа врз конечниот резултат.“
Згора на тоа, авторот споменува и делови од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата и дава заклучоци дека албанската опозициска партија ѝ служи на македонската партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата на Мендух Тачи, тогаш за џабе велеше дека обвиненијата за Општина Долнени се неосновани, бидејќи тие се ставија во служба на ВМРО (како што се виде во спогодбите и разговорите на лидерот на ова партија со шефот на ДБК, Сашо Мијалков, за Струмица и албанскиот Чаир).“
За оваа вест да има основа, новинарот требало да направи едно резиме на тоа што го ветил или го говорел Тачи во оваа општина. Да ги оцени неговите говори врз база на аргументи и да демантира врз база на аргументи. Доколку авторот имал цел да го делегитимира Тачи, требало да ги остави да зборуваат самите жители за тоа како го прифатиле неговото доаѓање и дали тие го гледаат како слуга на македонската партија на власт или не.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови