verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверени остануваат само ќебапите

on 3 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Со Мерцедес по ќебапи]

 

Секоја вест што имаат намера да ја напишат новинарите, треба да тргнe од неколку прашања од истражувачка природа за да се потврди тоа што се пишува, за да се создаде еднa сериозна перцепција за медиумот и за новинарот како професионалец. Веста што ја рецензираме не испочитувала ниедна норма за информирање, туку авторот само ги напишал своите лични коментари врз основа на некои направени слики, без да се обиде да ги аргументира со факти и со дополнителни извори.

Линк до оригиналниот насловMe Mercedes për qebapë FAKTE.NET: Со Мерцедес по ќебапи

Датум и време на објавување: 24/10/2015

Датум на рецензија27/10/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Ова е текст кој информира за влегувањето на едно возило во Старата чаршија, место обезбедено само за пешаци, и притоа не направил речиси ништо, освен што коментирал „Во Старата скопска чаршија некои гости имаат ВИП третман. Особено ако доаѓаат од Турција“.

Авторот ги објавува табличките на возилото и местото каде што е паркиран „мерцедесот“, но не истражил кој е сопственикот на возилото, кој е тој што влегува како „ВИП лице“ во чаршијата и кој му дозволил такво нешто.

Авторот би требало да си постави, првин себеси, некои прашања, кои логично произлегуваат од оваа ситуација, како, на пример, дали можеби возилото стои таму од протоколарни причини, и овие дилеми требало да ги расчисти контактирајќи ја Општина Чаир, која е одговорна за овој дел од Скопје.

„Не е јасно како ова возило влегло во чаршијата кога се знае дека влегувањето/излегувањето е забрането за возила“

Авторот поставува јавни прашања и ги остава отворени, наместо да ги праша одговорните лица.

Неколку дена по објавувањето на ова вест, истиот портал извести за посетата на сега веќе „познатото лице со ВИП третман во Чаршијата“, а тоа беше турскиот бизнисмен Шарик Тара, кој се сретнал со претставниците на ДУИ, но повторно новинарот не прашал дали средбата била официјална или не, туку продолжил со обвинувањата дека законите не важат исто за сите.

Се чини дека целта на авторот била да се фали дека забележал „законски прекршок“ дозволен за службени лица. Но, за да се изврши новинарската работа како што налагаат правилата, треба да се истражува малку подлабоко отколку што гледа окото за да се разберат причините на одредени случувања и за тоа да се информира јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниеден

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести