verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без проверка не може да има објавување

on 21 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора]

 

Написот обработува една многу чувствителна тема, но со многу малку елементи што би ја поддржале. Авторот пласира текст за кој се претпоставува дека е писмо испратено од револтираните албански дејци во Чикаго, но нивниот потпис не стои никаде. Ова остава простор за сомнеж кај читателот. Згора на тоа, текстот е и едностран. Страната за која цело време се зборува во текстот, воопшто не е исконтактирана од авторот.

Letra nga Çikago BDI larg duart nga diaspora shqiptare Iliria News AgencyЛинк до оригиналниот напис: Писмо од Чикаго: ДУИ рацете настрана од албанската дијаспора

Датум и време на објавување: 03/10/2015

Датум на рецензија: 14/10/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

„Писмото од Чикаго“ кое е претставено од авторот, не содржи веродостојни факти, што би ѝ дале тежина на веста. Овој текст, кој е претставен како став на албанските дејци што живеат во Чикаго, не му овозможува на читателот да процени кому да мy верува, на авторот, на писмото или на третата страна, која воопшто не е исконтактирана.

„Албанското време во Македонија, во маргините на дневната политика е пренебрегнето надвор од кодовите на уставните закони, во позиција на малцинство со другите малцинства, политичката класа гледа сеир и сето тоа не прави толку песимисти, што ни дошло до гуша да кажеме: Ниту за гроб немаме место! Вака зборуваат албанско-американските дејци од Чикаго преку писмото испратено до новинската агенција ИНА.“

Читателот бргу се губи во текстот, бидејќи не се става до знаење дали во него има ставови на новинарот или целата содржина, со секоја точка и запирка, е „писмото од Чикаго“. Оваа конфузија се создава бидејќи авторот на текстот не истакнува на почетокот дека во продолжение ќе биде целосно пренесено писмото испратено од албанските дејци во Америка, туку, меѓу редови, се појавуваат реченици од типот: „Kај има полошо, велат гневни во Чикаго, кога дојде делегацијата од Тетово, со Али Ахмети и Муса Џафери…“

Текстот е многу нејасен и му недостигаат основните правила врз основа на кои се пишува една новинарска информација. Решение на проблемот би било да се напише еден едноставен и разбирлив текст. Тука недостига и некој аргумент, било да е тоа преку слика, документ, со кој што би се потврдило постоењето на ова писмо.

Потоа би се отворила можност и за ставот на споменатата партија, која треба да се праша за овие обвиненија упатени на нејзина адреса за да се комплетира целата „слика“.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албнски јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести