verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Структурата на веста е исто толку важна колку и информациите

on 2 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!]

 

Кога новинарот пишува една вест, треба да направи јасно разграничување кој е неговиот дел, а каде почнува ставот на аналитичарот кој е контактиран. Авторот на текстот што го рецензираме не направил јасно разграничување каде почнува, а каде завршува неговото мислење, бидејќи во вториот пасус на крајот пишува дека ова е оцена на економскиот аналитичар, Исен Ибраими, меѓутоа не кажува точно каде почнува таа оцена.

Gruevski më tepër e ndëgjon Tadicin se ambasadorin Bejli.Gjysma e popullit do të ngritet në këmbë – tetova1.comЛинк до оригиналниот напис: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!

Датум и време на објавување: 22/10/2015

Датум на рецзензија: 23/10/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Насловот не ја отсликува содржината на текстот, туку е коментар на новинарот. Написот почнува со критики и со обвиненија кон премиерот Никола Груевски и кон Европската унија. Читателот добива впечаток дека чита вест, но многу подоцна сфаќа дека, всушност, го чита мислењето на економскиот аналитичар, Исен Ибраими.

„Европската Унија во текот на последните 9 години ја финансира владата на премиерот Никола Груевски, кој што реализира моноетнички и монорелигиски проекти во Македонија. 80 отсто од Македонците зеле кредит. Само 2 месеци да нема плати во Македонија цел народ ќе излезе на улица затоа што би се активизирале хипотеките на комерцијалните банки. Проектот со вредност од над 300 милиони евра „Скопје 2014„, партизацијата на администрацијата, полицијата, армијата, судовите, обвинителствата, здравството, културата, градењето на црквата на Скопското кале, манипулациите со пензионерите, студентите, субвенциите за земјоделците се само неколку од проектите на ВМРО-ДПМНЕ водени од премиерот, Никола Груевски, кои што воглавно се финансирани од официјален Брисел, оценува за Журнал, економскиот аналитичар, Исен Ибраими.“

Понатаму, авторот ја става во наводници изјавата на аналитичарот, така како што би требало да биде од почеток, но почетокот на текстот го збунува читателот.

Новинарот треба да го направи текстот едноставен и треба да направи јасни разграничувања, а не да дозволи читателите да се мачат за да го разберат. Тој, исто така, треба да биде јасен, краток и едноставен за да се избегнат реакциите или забелешките на јавноста.

Структурата на една вест е исто толку важна колку што се и самите информации што ги содржи истата. Текст без структура создава забуна и прави веста да биде разбрана погрешно.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести