verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неистражувањето ја избледува веста

on 6 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица]

 

Текстот што го рецензираме известува за една „шпекулација“, која не успева да ја потврди или, подобро речено, ниту имало обид да се потврди. Авторот на веста на овој портал известува само за „изворите на авторот“ и иако оваа информација тој ја дознал од свои извори, тој тоа го наведува дури на крајот на текстот и тоа само преку едно единствено цитирање.

Tensione në BDI në e TЛинк до оригиналниот напис: Тензии во тетовското ДУИ за една викендица

Датум и време на објавување: 29/10/2015

Датум на рецензија: 30/10/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Написот е мошне тенденциозен, но сепак интересен доколку ги содржеше потребните елементи што би потврдиле дека постои внатрепартиски криминал и корупција. Но, авторот, во недостиг од извори и од факти, самиот ја намалува вредноста на својот напис.

„Последната недела зголемени се тензиите во органокот на ДУИ во Тетово, а причина за тоа е е една викенд-куќичка (или како што велат во ДУИ: викендица) на Попова Шапка. Се работи за викенд-куќичката на јавно претпријатие, кое е узурпирано без никаков договор. Нашите извори велат дека поранешниот директор на Рекреативниот центар Попова Шапка, Хајрула Хасани, кој што е влијателен кадар во тетовскиот огранок, на тоа место, заедно со некои други функционери на ДУИ, сакаат да градат хотел, но работата заглавила поради тоа што општината, односно градоначалничката Теута Арифи, одбива да даде дозвола за легализација.“

Авторот требало да контактира со разгранокот на ДУИ во Тетово, поранешниот директор на Рекреативниот центар Попова Шапка, Хајрула Хасани, како и со градоначалничката на Општината, Теута Арифи, кои би ја потврдиле или би ја отфрлиле таквата информација. Ова е првиот чекор што можел да го направи новинарот. Но, не треба да се отфрли потенцијалот што го има овој текст за истражувачко новинарство, бидејќи алудира на многу кршења на закони од високи функционери, што за јавноста е многу интересно.

Сепак, оваа верзија на написот, вака како што е објавена, треба да биде пример за тоа како не се пишува една вест. Бидејќи Новинарскиот кодекс налага професионалните новинари да објавуваат само точни и проверени информации, а доколку не успеал да го провери тоа што го дознал, најмалку што треба да направи новинарот е тоа да го наведе во текстот. Авторот на оваа вест не го сторил тоа.

 

(Од Сервисот за проверка на факти на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести