verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анонимните извори ја прават и веста анонимна

on 21 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“?]

 

Во кревки политички и општествени ситуации како актуелната ситуација во Македонија, секоја вест за кадровски промени, повлекување на политичари или создавање нови субјекти, буди голем интерес, особено во општество преокупирано толку многу со политичките збиднувања како нашето. Но, тој факт не треба да се искористи за да се долее што повеќе масло на огнот, тргнувајќи само од тоа што го велат анонимни извори, чии наводи авторот не успева да ги потврди.

Линк до оригиналниот насловKush do të jetë pasardhës i Ahmetit nëse dënohet për aferën “Telekom” ALMAKOS: Кој ќе биде наследникот на Ахмети, доколку тој се казни за аферата „Телеком“?

Датум и време на објавување: 14/10/2015

Датум на рецензија14/10/2015

Рецензент: Ферикан Илјази

Со веста која овој портал ја има преземено од друг, се обидува да пренесе една сосема легитимна информација, но целиот текст има повеќе коментар од новинарот отколку факти што би го направиле написот веродостоен. Aвторот вели дека има можност лидерот на партијата на власт да се повлече од неговата позиција, „потсмевајќи“ се со формуалции од типот „тие што имаат почит за моралните вредности на Ахмети велат…“, генерализации кои не прилегаат на напис од професионален новинар.

„Во некои партиски кругови каде што имаат почит за моралните вредности на Ахмети, се зборува дека тој ќе поднесе оставка и ќе назначи вршител на должноста. Во меѓувреме, други кругови, кои што не го почитуваат многу Ахмети, велат дека тој ќе продолжи да ја извршува функцијата како и досега. Одлуката на Судот во Њујорк, да покрене обвиненија врз основа на исказите на поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Слободан Богоевски за милионите од аферата Маѓар Телеком, кај многу претставници на ДУИ е сфатена како почеток на крајот на политичката кариера на претседателот на ова партија, Али Ахмети.“

Во меѓувреме, авторот споменува повеќе имиња од кадрите на ДУИ кои има можност да бидат наследници на Ахмети, но не нашол дека е неопходно некој од нив и лично да го праша. Тоа е она што најмалку можел да го направи авторот. Наводите на анонимните извори да ги претвори во нешто конкретно, во изјави од споменатите лица, а не од аналитичари кои можат да ја коментираат темата откако ќе се потврди такво нешто.

„Партиски извори за Лајм велат дека трката и лобирањето во ограноците и разграноците почнало да се одвива молчеливо, но дека може да добие на интензитет во зависност од тоа како ќе се одвива судскиот процес во Њујорк. Според нив, се очекува натпреварот да се води помеѓу пратеникот Хазби Лика, кој ја ужива поддршката на партиското крило кое е против соработка со ВМРО-ДПМЕ, од една страна, и Теута Арифи, Абдулаќим Адеми и Артан Груби од другата страна.“

Медиумите имаат право да пренесат информации од анонимни извори, но, сепак, претпоставките или наводите на тој извор треба да се проверат, поедностават и да се конкретизираат.

 

(Од Сервисот за проверка на факти на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести