verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Компромисот се промовира како партиска победа

on 21 - 10 - 2015       

10192015-Vecer-Zaev-crop-resize

[Рецензија: Изборите можат да почнат утре – ако Заев не избега од нив]

 

Првичниот поттик да се зафатиме со рецензија на оваа медиумска содржина беше една многу непрофесионална постапка, и од новинарски, и од етички аспект. Таквата постапка најбезобразнo промовира еден компромис во врска со реформите за изборниот законик и правила, да се прикаже исклучиво како – победа на една од пaртиите во преговарачкиот процес, односно мнозинската владеjачка партија.

Тоа воопшто не одговара на вистината, бидејќи во преговорите по тоа прашање – гласањето на дијаспората – е постигнат компромис. Значи, решение до кое се дојде откако двете, односно сите четири партии, отстапија од своите тврди позиции и сите се согласија на последното понудено решение.

Со тоа е прекршен еден од најважните прниципи во новинарството – да се известува само и само за вистината.

Со тој принцип почнува врвниот документ, „уставот“ на новинарите, односно преамбулата на нивниот Кодекс:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

10192015-Vecer-ZaevЛинк до оригиналниот напис: Изборите можат да почнат утре – ако Заев не избега од нив

Датум и време на објавување: 15.10.2015, 16:22

Датум на рецензирање: 19.10.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Во очигледното слепило на пристрасноста, која не се ни крие во овој текст, направен е и еден сериозен пропуст кој открива и други непрофесионални постапки. Имено, во еден дел од текстот е пропуштено да се коригира исказ во прво лице еднина, па осатанала оваа реченица:

„Тврдења(та) дека изборите не биле фер и не биле легитимни заради не знам колку илјадници допишани луѓе, запишани во Избирачкиот список, сами си ја негираат со повлекувањето на тој предлог.“

Нема ништо спорно новинарот да користи извор. Напротив, дури и пожелно е, особено кога се искажува мислење, партиска или експертска процена. Нема зошто да се крие бриферот во веста.

Вака имаме само чист аматеризам и зајакнување на чувството дека и оваа медиумска содржина е крајно пристрасна.

И уште еден аматерски пропуст кој оставил траги и во насловот. Од него, како и од  завршниот пасус, се навестува некаква закана за време на преговорите од страна на лидерот на опозициската партија, но нема ништо, никаков елемент за што станува збор. Имало закана… И што? Каква закана? Поради што? Од која природа? Ништо.

Во жарот на известувањето, кога се известува во низа, неколку денови, седмици, за одредени исти или слични настани, новинарите можат да прескокнат детали зашто им се повторуваат, зашто им изгледаат многу познати… Но, тоа не мора да биде иста ситуација и за читателите. Новинарите секогаш мора да претпостават дека некој првпат го чита нивниот медиум или за таа тема. Затоа, еден од битните елементи на новинарската содржина е „бекграундот“, заднинските настани. Соодветно на процената, на стилот, и тие информации се секогаш дел од новинарската сторија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести