verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Кардашијанизација“ на медиумите во служба на политиката

on 9 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-193-_kim-kardashiani_-dhe-mediat-e-tij__-http___www-zhurnal-mk_content_

Напис: “Ким Кардашијан” и неговите медиуми!?

 

Скопје 25 декември – Обединувањето на албанските лидери на средбата што ја одржаа денеска изгледа некому му пречи многу, па дури и се заложиле многу за оваа средба воопшто да не се случи, известува „Журнал“.

Медиумите на „Ким Кардашијан“ денеска отидоа толку далеку со написи од лидерската средба која беше за добра цел за Албанците, но сето ова и не некакво чудо што порталите за кои се знае дека се под влијание на „Ким Кардашијан“, намерно креваат толкава  врева за Албанците никогаш да не можат да се обединат, иако сега имаат историска шанса да се појават пред македонскиот блок за остварување на барањата за добро на Албанците.

Од написите што сме ги читале денеска во медиумите на „Ким Кардашијан“, може да се констатира да не случајно токму тој и неговите медиуми се причинители за необединување на Албанците во еден историски момент како што го имаме сега во овој случај, бидејќи  токму неговите медиуми беа тие кои цело време излегувале со разни написи против средбата и обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија?!

Изгледа дека и генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, дели исто мислење, бидејќи тој остро ги подбоцнува тие што не ја сакаат средбата и обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија.

„За жал, тие што го спречуваа и расипуваа опозициското обединување, сега прават обиди за да се оневозможи обединувањето на условите на албанскиот фактор во Македонија, совет од релевантните фактори за Албанците во регионот“, пишува Таравари во неговата изјава која се однесува на многуте написи што се напишани против лидерската средба што се одржа вчера во Скопје.

Од друга страна, пак, заменикот претседател на ДР-ДПА, Агон Ферати, во една негова објава на „Фејсбук“ истакнува дека условите се изнесени отворено и во една јавна средба и дека тие што денеска беа против ова начело се следбеници на тајните и подмолни договори.

„Условите се изнесуваат јавно и на отворена средба. Тие што денес го оспоруваат ова начело се следбеници на тајните и подмолни договори! Свежи се спомените од пред десет дена, кога се обелодени еден таков договор“, пишува меѓу другото Агон Ферати.

Инаку, денешната средба меѓу албанските политички лидери, иницирана од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, разбуди многу реакции од албанската маса, многу Албанци го следеа со ентузијазам историскиот ден, на кој првпат од основањето на државата Македонија неколку албански лидери седнаа и дискутираа во врска со условите со кои треба да влезат во владината коалиција, информира „Журнал“.

Од друга страна, и познатите албански аналитичари ја коментираа оваа средба, сметајќи дека во политиката никогаш нема да има емоции и инаети, туку само артикулирање и факторизација.

 

[Рецензија: “Ким Кардашијан” и неговите медиуми!?]

Кога новинарството се става во целосна служба на политиката, еден новинарски напис изгледа токму како текстот што го рецензираме. Комбинација на неаргументирани констатации, обвиненија и ниски епитети за луѓе и за политички структури, додека, од друга страна, се прави реклама на еден политички субјект и на една политичка идеја. Но, да почнеме по ред.

kim-kardashiani-dhe-mediat-e-tij

Линк до оригиналниот напис: “Ким Кардашијан” и неговите медиуми!?

Датум и време на објавување: 25.12.2016

Датум на рецензирање: 27.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Текстот почнува со констатација неприфатлива за професионалното новинарство и за етичките одредби на новинарството. „Обединувањето на албанските лидери на средбата што ја одржаа денеска изгледа некому му пречи многу, па дури и се заложиле многу за оваа средба воопшто да не се случи“,  се вели во текстот, но без да се понуди ниеден аргумент или доказ за тоа што се констатира. Работата на еден новинар е да ги претстави само фактите и да им овозможи на читателите слободно формирање на мислењето. Ова се оневозможува уште на почетокот од овој текст.

Потоа, текстот продолжува со навреди и со напади кон неколку медиуми и кон една личност, која воопшто не се спомнува со цело име и презиме, но кон која се алудира со понижувачки термин. Ова покажува едно ниско ниво на новинарството, каде што не се почитува поинаквото мислење. На крајот на краиштата, улогата на новинарот во една информативна содржина не е да даде негово мислење и да ги нападне сите други што не мислат како него.

„Медиумите на „Ким Кардашијан“ денеска отидоа толку далеку со написи од лидерската средба која беше за добра цел за Албанците, но сето ова и не некакво чудо што порталите за кои се знае дека се под влијание на „Ким Кардашијан“, намерно креваат толкава  врева за Албанците никогаш да не можат да се обединат, иако сега имаат историска шанса да се појават пред македонскиот блок за остварување на барањата за добро на Албанците“.

Во овој стил се продолжува и во следниот пасус, обвинувајќи едно лице и неколку медиуми за „спречување на обединувањето на Албанците“, повторно без да се понудат аргументи или докази за направените констатации. Да не зборуваме за карактеризациите! Дури и да зборувавме за проценка на некој „пристрасен“ политички аналитичар, ниту половина од овој текст не би била прифатлива.

„Од написите што сме ги читале денеска во медиумите на „Ким Кардашијан“, може да се констатира да не се случајно токму тој и неговите медиуми се причинители за необединување на Албанците во еден историски момент како што го имаме сега во овој случај, бидејќи  токму неговите медиуми беа тие кои цело време излегуваа со разни написи против средбата и обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија?!“

Во другиот дел од текстот, има обид и изјавите на двајцата претставници на еден политички субјект да се стават во функција на нападите и на обвиненијата поставени во содржината. Наспроти овие проценки, иницијативата на една политичка партија се глорифицира со историски размер, давајќи ѝ право да зборува и „во име на Албанците“, со заклучокот дека тие со „ентузијазам“ ја очекувале оваа иницијатива.

За крај, се публикуваат и „ставови на аналитичари“, без да се презентира ниедна изјава за јавноста од некој аналитичар! Новинарите во Македонија од 2001 година го имаат во раце Кодексот за етика на новинарите, кој треба да биде патоказ за секоја вест што ја пишуваме. Затоа ние ќе наведеме неколку членови, кои требало да бидат земени предвид при пишувањето на овој текст:

  • Новинарот треба да објавува вистинити и потврдени информации и нема да крие есенцијални податоци или да фалсификува документи.
  • Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или за прикривање информации за да оствари корист за себеси.
  • Не смее да се дозволи рекламата и другите комерцијални мотиви да имаат влијание врз слободата на информирање.
  • Новинарот нема свесно да создаде или да обработи информации, кои ги загрозуваат правата или слободите на човекот, нема да зборува со говор на омраза и нема да провоцира насилство или дискриминација врз каква било основа (национална, верска, расна, полова, општествена, јазична, политичка, сексуална ориентација…)
  • Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите.

И, за крај…

  • Новинарот треба да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти.

Се чини како да се многу правила, но не се тешки, доколку станат секојдневие и „амин“ за секој текст што го пишуваме.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести