verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст граден како куќа без темели

on 9 - 01 - 2017       

kurir

[Рецензија: Струмица нема мерна станица за загаден воздух, Заев на чист воздух на Халкидики]

 

Овој текст е поставен како куќа без темели. Чиниш, имаме градба почната од покривот надолу, оставена без фундаменти. Спротивно на стандардите на професијата, четивото е пишувано наопаку – удрена е теза како покрив на куќа, а откако ќе се прочита написот, се гледа дека аргументите – темелите за тврдењата, кои се обвинувања – едноставно ги нема.

 1111Линк до оригиналниот напис: Струмица нема мерна станица за загаден воздух, Заев на чист воздух на Халкидики

 Датум и време на објавување: 04.01.2017,   10:22

 Датум на рецензирање: 07.01.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ПАРТИСКА РАВЕНКА СО ПРОМАШЕНИ (НЕ)ПОЗНАТИ

 Равенката што ни се нуди е следнава:

(Струмица+загаденост) х (немање мерна станица) = виновник Зоран Заев. Тезата е незидржана и неаргументирана, како погоре спомената куќа без темели. Во ред, се тврди дека во Струмица воздухот е загаден. Прашањето е како се знае колкаво е загадувањето ако се нема мерна станица. Значи, произволна и паушална формулација која не е поткрепена со факти за степенот на евентуалното загадување. А кој вели дека има загадување – ВМРО-ДПМНЕ! Кој до скоро ја раководеше локалната власт во Струмица – Зоран Заев од СДСМ! Оттука, контрадикторноста во написот – има загадување ама без мерна станица, е чисто партиски мотивирана.

Ако се знае целта зошто е искован текстот, тогаш може да се премине на разглобување на отсуството на факти. Струмица нема мерна станица, аха, па немаат повеќето општини во Македонија. Поточно, информациите за квалитетот на амбиенталниот воздух се добиваат од 17 мерни станици распоредени во земјата кои се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање кое, пак, ги објавува на веб-страницата www.airquality.moepp.gov.mk.

aaaa

Од оваа веб-страница се добиваат податоците кои потоа се објавуваат од медиумите или, пак, се преземаат од разни апликации за паметни телефони и таблети. Меѓу овие 17 мерни позиции ја нема Струмица – една од ретките општини во кои власта е во рацете на опозицијата. Сега на виделина излегува тенденциозноста пласирана во материјалот:

„Во Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на водухот. Граѓаните се жалат дека се гушат, а не знаат со колкава количина загаден воздух се трујат нивните деца“.

Во текстот, кој се повикува на некаква јавност нема ниту „г“ од граѓани. Но, зошто истиот аршин за немање мерни станици не се користи еве, на пример, и за Охрид зашто според тамошните локални медиуми, ситуацијата и во овој град е загрижувачка.

„Охрид и понатаму без мерни станици, моментално квалитетот на воздух е на високо ниво“, Охрид прес, 22.11.2016

Одговорот е затоа што локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Ете и доказ за селективноста во пристапот.

Па и што убаво ни објасниле какво е лошото влијание на ПМ-честичките. А што тоа не му го кажат, на пример, и на Коце Трајановски кој веќе осум години е прв човек на Скопје, кое, пак, е еден од најзагадените градови во регионот. Ама не, Трајановски е од „подобната“ политичка опција.

И на крај, врз основа на сето кажано, особено за улогата на централната власт во позиционирањето на мерните станици, доаѓаме до главното прашање – каква врска има немањето мерна станица во Струмица со тоа каде доскорешниот нејзин прв човек ќе ја прослави Новата година? Логична нема, политичко-партиска има.

Една работа е да се забележува зошто локалната власт не се справува со загадувањето, а друга да се критикува, и тоа селективно, за нешто за што ингеренциите се на друго место.

Ама, очигледно е дека наредбата била да се п(л)ука по секоја цена и од секое можно медиумско „оружје“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, неофицијални, анонимни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести