verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството како средство за расчистување политички есапи

on 30 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-191-lajm-i-keq-per-shqiptaret-i-mire-per_-http___www-almakos-com_lajm-keq-pe

 

Напис: Лоша вест за Aлбанците, добра за ВМРО: ДУИ привремено зема две важни позиции

 

Утре ДИК ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, а во 14 часот официјални претставници ќе ги земат и уверенијата за пратеници.

Бидејќи изборите и официјално ќе се прогласат за завршени, министрите од СДСМ ќе бидат разрешени од нивната позиција, а на нивно место ќе се постават замениците министри.

Потоа почнува составувањето на Собранието кое ќе го води Бранко Манојловски до избирање на новиот спикер.

На местото на Оливер Спасовки во МВР ќе седне заменикот Агим Нухиу, додека во Министерството за труд ќе седне Ибрахим Ибрахими од партијата на Амди Бајрам.

Имајќи предвид дека Албанците обично имаат поголеми проблеми со ресорите што ги раководи ДУИ, ова не е некоја многу радосна вест за нас. Нема потреба да ги спомнеме проблемите на Албанците во образованието, судството, полицијата, ресори што постојано се раководат од министри или заменици од ДУИ.

Имајќи ја предвид верноста што веќе осум години ДУИ ја покажува за ВМРО-ДПМНЕ, привременото добивање на две важни функции од функционери на ДУИ, секако дека претставува добра вест за партијата на Груевски и за нејзиното членство.

 

[Рецензија: Лоша вест за Албанците, добра за ВМРО: ДУИ привремено зема две важни позиции]

Текстот што го рецензираме претставува една комбинација од информации и од коментари, без воопшто да се направи јасна поделба меѓу нив. Текстот почнува со технички и со процедурални информации за доделувањето на уверенијата за новите пратеници и за смената на министрите во неколку ресори. Меѓутоа, во продолжение, веста се претвора во нешто сосема друго.

lajm-i-keq-per-shqiptaret-i-mire-per-vmro-ne-bdi-perkohesisht-merr-dy-poste-te-rendesishme-almakos-com


Линк до оригиналниот напис: Лоша вест за Албанците, добра за ВМРО: ДУИ привремено зема две важни позиции

Датум и време на објавување: 27.12.2016

Датум на рецензирање: 28.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

По првите редови, вториот дел на текстот е целосно тенденциозен и содржи класични коментари, што не треба да бидат дел од еден информативен напис.

„Имајќи предвид дека Албанците обично имаат поголеми проблеми со ресорите што ги раководи ДУИ, ова не е некоја многу радосна вест за нас. Нема потреба да ги спомнеме проблемите на Албанците во образованието, судството, полицијата, ресори што постојано се раководат од министри или заменици од ДУИ“.

Како што се гледа, ова е еден тенденциозен пасус со коментари, зад кои немало ни најмал обид да се поткрепи со некој доказ или да се даде аргументирана основа. Таквите коментари продолжуваат и во другиот пасус.

„Имајќи ја предвид верноста што веќе осум години ДУИ ја покажува за ВМРО-ДПМНЕ, привременото добивање на две важни функции од функционери на ДУИ, секако дека претставува добра вест за партијата на Груевски и за нејзиното членство“.

Во овој дел од текстот се забележува и тенденција за дискредитација на една политичка партија, но само врз основа на коментари, а не наведувајќи аргументи и мислења од релевантни соговорници. Со ова, се прекршуваат најмалку два члена од Кодексот за етика на новинарите, кои наметнуваат јасна поделба меѓу авторските коментари од фактите, информациите и од вестите.

  • Новинарите имаат право на свое мислење, став и проценка, но не смеат да ги камуфлираат нивните мислења како да се факти.
  • Треба да биде јасно поделено кои се факти, а кои информации, и кои се коментари, хипотези или ставови на авторот за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести