„Лизгање“ на твит
Објавено во Рецензии
on 26 - 01 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: На 2 февруари Хан повторно во Скопје]
Пласирана е невистинита информација, но грешката е ненамерна. Лошо е разбран „твитот“ на еврокомесарот за проширување за неговата следна посета на Скопје. Употребената „2“ во овој случај не го означува конкретниот датум. Тоа значи дека Јоханес Хан не доаѓа во Скопје на 2 февруари, како што се тврди во оваа вест.
Линк до оригиналниот напис: На 2 февруари Хан повторно во Скопје
Датум и време на објавување: 21.01.2016
Датум на рецензирање: 23.01.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„2“ НЕ Е ДАТУМ, ТУКУ „ДА“
Написов се „лизнал“ и е класичен пример за незнаење или за слабо разбирање на новите средства за комуникација. „Твитер“ е социјална интернет-мрежа која овозможува корисниците да праќаат и да читаат куси пораки, наречени твитови, кои не можат да бидат подолги од 140 карактери. Токму поради тоа ограничување, т.н. твитер-вокабулар користи скратеници и акроними со кои на кус начин се праќа пораката. Во овој случај станува збор за „твит“ на Јоханес Хан, кој најавувајќи дека ќе дојде во Македонија во февруари, ја користи и цифрата „2“, но не за да каже дека планира посета на 2 февруари, туку за „да“ го разгледа напредокот во подготовката на изборите.
По првичната забуна на која, покрај овој, „паднаа“ и други медиуми, стигна дообјаснување од Европската комисија што го пренесе МИА:
„Од Европската комисија потврдуваат дека тоа нема да биде случај и дека посетата на Хан на Македонија ќе се случи некаде во средината на февруари. – Постирањето на една вест на „Твитер” е ограничено на 140 букви и затоа бројот „2” се става наместо „то” што на англиски значи „да” и бројот 4 наместо „for“ („за” на македонски) со цел да се заштеди на место. Затоа, пораката на комесарот Хан треба да се разбере дека тој доаѓа во февруари ДА („2”, „to”) го забрза процесот на подготовка на изборите… – коментираше изненадено извор од Еврокомисијата за МИА, инсистирајќи на анонимност.“
Навистина, треба да се биде во тек со комуникациските новини за да не се прават вакви „утки“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
неточна информација
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови