verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нагласено необјективен и манипулативен напис

on 25 - 01 - 2016       

Заев-кмет-на-Струмица-а-СДСМ-во-опоз_-http___vecer.mk_makedonija_zaev-km 11

[Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опозиција – затоа ли не бојкотиравме локални, а ќе бојкотираме парламентарни?]

 

Овој манипулативен текст креира извртена слика за состанокот на централниот одбор на СДСМ (20 јануари 2016 година), истовремено прејудицирајќи и кој ќе биде губитник на вонредните парламентарни избори најавени за 24 април. Написот во ниту еден момент не се поптпира на аргументи или кедибилен извор за да ја потврди тезата што ја пласира во јавностa.

Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опоз_ - http___vecer.mk_makedonija_zaev-kmЛинк до оригиналниот напис:
Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опозиција – затоа ли не бојкотиравме локални, а ќе бојкотираме парламентарни?

Датум и време на објавување: 20.01.2016 22:16

Датум на рецензирање: 21.01.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

СОМНИТЕЛНИ ИЗЈАВИ

„Референтиот извор“ на кој се повикува текстот, а кој „сè слушнал и забележал“ и за кој се добива впечаток дека бил присутен на седницата на ЦО на СДСМ, е „Медиа груп Македонија“?!

Текстот е исклучително тенденциозен и освен намерата преку шпекулации да го го наруши угледот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и на неговата заменичка, Радмила Шекеринска, шири заблуда меѓу граѓаните за поддршката што ја ужива владејачката партија во круговите на меѓународната заедница. Го пласира тоа на начин како да е кажано на самата седница на ЦО на СДСМ, од неговите членови, во форма на прашање упатено до претседателот на партијата.

Истовремено, создава привид на автентични изјави со бројни „цитати“ на членовите на ЦО. Имињата на личностите кои, наводно, му ги поставиле на Заев овие прашање не се споменати, па вистинитоста на објавеното е проблемитична.

„Како ќе го оправдате бојкотот на праламентарните избори откако токму вие, Заев и Радмила, го урнавте отпорот и идејата за бојкот на локалните избори,…? Дали тогаш беа подобри условите,…? Дали СДСМ требаше само да ја одбрани градоначалничката функција на Зоран Заев, Второ, со кој изговор и со кое лице при бојкот на избори – ќе ги оставите министрите во влада на ВМРО-ДПМНЕ? – прашуваат дел од членовите на Централниот одбор на СДСМ.“

„ТУЛИТАВА“

Вториот дел на овој материјал е „турлитава“. Во него се споменува веќе „бајата“ изјави на Петре Шилегов и една реченица од твитер-профилот на Стево Пендаровски, што некако изгледаат збунувачки, но и без причина ги вознемируваат читателите дека во државата се подготвуваат нереди.

„Професорот Стево Пендаровски, кој беше кандидат на СДСМ на претседателските избори, наместо со моќта на перото, се заканува со протести.
-Изгледа дека новиот 17-ти мај доаѓа! “Граѓаните за Македонија” во коалиција “За спас на Македонија” напиша Пендаровски на својот Твитер профил.“

Дел од „дискусијата“ што ја слушнал „референтниот извор“, е ставена и во насловот, во кој се забележува значителна доза сарказам. Ваквиот избор на насловната конструклација:

„Заев кмет на Струмица, а СДСМ во опозиција – затоа ли не бојкотиравме локални, а ќе бојкотираме парламентарни?“

има цел да го дискредитира Заев и да го претстави како обичен профитер кој нема капацитет за сериозен политичар и кој постојано влече погрешни потези. Написот, инаку е илустриран со фотографија на која се гледа дека не е од овој настан, бидејќи сите присутни се во летна гардероба.

Сè на сè, ова е некоректен новинарски производ кој се базира на шпекулации, што на читателите им ги нуди како стопроцентна вистина. И наспроти принципите на етички исправното новинарство, кои подразбираат при известување од политичките процеси, особено кога се работи за изборите, да се биде објективен и да се има професионална дистанца од политичките субјекти, оваа медиумска содржина е нагласено пристрасна кон владејачката партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести