verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Креирање поинаква „вистина“

on 26 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ВИДЕО_ Анкетите на ИРИ и Брима Галуп г_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

 

[ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ]

 

Текстот е коментаторски и едностран, при што со прикривање податоци се обидува да направи спин за причините поради кои опозицискиот СДСМ одлучи да не оди на избори, доколку тие се одржат 24 април.

ВИДЕО Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Анкетите на ИРИ и Брима Галуп го променија ставот на Заев и СДСМ

Датум и време на објавување: 24.01.2016, 09:51

Датум на рецензирање:
25.01.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

СПИНУВАЊЕ

„Што се смени од крајот на ноември до средината на јануари? Опозицискиот лидер Зоран Заев за неполни два месеци го смени својот став околу одењето на избори, иако во суштина ништо не е променето.“

Текстот се темели на премисата дека за наполни два месеци лидерот на СДСМ го сменил својот став за датумот на изборите. Како поткрепа се дава изјавата на Заев, дадена на 11 ноември минатата година, и притоа се констатира дека оттогаш ништо не е сменето. Според Договорот од Пржино, инаку, изборното законодавство и методологијата за прочистување на избирачкиот список требаше да бидат утврдени до 6 октомври, додека Законот за медиуми до 15 октомври.

Во текстот не се наведува дека oпозицискиот СДСМ, минатата недела, откако политичките лидери не се договорија за спорните точки од Договорот од Пржино, одлучи да не учествува на изборите на 24 април бидејќи нема да бидат исполнети условите за кредибилни избори. Испуштајќи го овој податок, написот се обидува да направи спин дека резултатите од анкетите што ги спроведоа ИРИ и „Брима Галуп“ се причината поради која партијата не сака избори на 24 април.

Текстот нема нови изјави и не содржи нови елементи со кои ќе го оправда објавувањето. Затоа пак, со премолчување на важни податоци и со коментаторските елементи не им остава простор на читателите да создадат целосна слика за ситуацијата, туку наметнува став каков што промовира власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести