verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

А, да се научи азбуката на професионалното новинарство!

on 27 - 01 - 2016       

azbukata - zoran 11

[Рецензија: Исповед на една скопска проститутка]

 

А, да се научи најнапред азбуката на професионалното новинарство!

Зошто?

Како прво, азбуката на професионалното новинарство вели кога се презема текст, се почитуваат сите авторски и издавачки права што му припаѓаат. Елементарни стандарди што треба да бидат задоволени е написот да биде придружен со оригиналниот наслов, времето на објавувањето, авторот на текстот и на придружните елементи (ако ги има: фотографија, графика, илустрација…), и, се разбира, линк до изворниот текст, доколку текстот го пренесува медиум на интернет-платформа.

Ништо од ова нема во текстот што го рецензираме.

01262016-SkopjeInfo-ProstiiЛинк до оригиналниот напис: Исповед на една скопска проститутка

Датум и време на објавување: 25.01.2016 – 23:05

Датум на рецензирање: 26.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ОРИГИНАЛОТ ОБЈАВЕН ПРД ТРИ ГОДИНИ

Единствено точно е најавата на самиот почеток на текстот дека се работи за преземено интервју од друг медиум, без да бидат наведени ниту еден од претходно споменатите информации за преземен текст.

Тоа веднаш го предизвика нашето сомневање и љубопитство да ја испитаме автентичноста на овој текст.

Пребарувањето на „Гугл“ покажа дека се работи за груба парафраза на оригиналниот текст објавен во еден дневен весник, објавен на 17 декември 2013 година, под наслов „Продавам секс зашто тоа е единстевната работа во која уживам“.

Тоа откритие ги разоткри сите други слабости на текстот што го рецензираме. Освен што е злоупотребен текст стар три години за да биде прикажан како актуелен.

Тоа е сериозно прекршување на авторските и на издавачките права.

Следно што паѓа в очи кога ги читате споредбено двата текста, оригиналниот и лошиот плагијат, е јазикот. Термините што ги употребуваат. Во оригиналниот текст имаме сосема коректен јазик соодветен на барањата и на стандардите кога станува збор за медиумско известување кога се работи за сексуалните работнички, односно работници. Во лекцијата „Како да се известува за сексуалните работници реално и без сензационализам“, сосема јасно е објаснето:

„Сексуалните работници први го промовираа и ги застапуваат овие термини – сексуална работа, сексуални работници, сексуални работнички, сексуални услуги…

Набргу еден добар број на меѓународни организации од областа на здравјето, социјалната сфера и од областа на човековите права, ги прифатија овие термини – вклучувајки ги Обединетите нации и нејзините агенции.

Термнините се неутрални, дескриптивни и информативни без да судат, осудуваат, без да бидат исполнети со стигматизирачка и со навредлива историја.“

За разлика од оригиналот, плагијатот е полн со стереотипи и со некоректен јазик. Новинарски став кој оддава дека оваа медиумска содржина е далеку од  прифаќањето на соодветните термини како новина и промена во досегашните навики на новинарите. Тоа е многу повеќе од „политичка коректност“. Тоа е одраз на висока свест за хумано и за достоинствено прифаќање на луѓето од оваа професија како личности.

На крајот на оваа рецензија да напоменеме дека таа беше поттикната од читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести