verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анонимни извори и пишувај што сакаш!

on 26 - 01 - 2016       

 zurnal - zaev 11

[Рецензија: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори]

 

Целиот напис е граден на паушални непроверени информации, врз основа на кои се креира тенденциозна приказна, насочена директно против претседателот на СДСМ.

Заев ги убедувал членовите Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори zurnal.netЛинкуван наслов на анализираниот напис: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори    

Датум и време на објавување: 21.01.2016

Датум на рецензирање: 25.01.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ

Уште во првиот пасус се прави спин и се наведува читателот да мисли дека специјалната јавна обвинителка ќе го спаси Заев од затвор и од избори. Идентична, манипулативна порака се испраќа и со насловната конструкција.

Во написот, инаку, нема ниту еден доказ дека претседателот на СДСМ навистина ги убедувал членовите на централниот одбор дека Јанева е неговиот „спасител“. Со нагласувањето, пак, дека на Заев, наводно,  му е неизбежна затворска казна поради случајот „Пуч“, прекршен е членот 8 од Кодексот на новинари во кој се вели дека:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Оваа објава манипулира и со тврдењето дека Заев сакал да избега од избори. Тоа не е точно бидејќи тој никогаш не изјавил дека не сака избори, туку дека инсистира тие да бидат фер и демократски, односно на избори да се оди со прочистен избирачки список и со спроведени реформи во медиумската сфера, кои ќе обезбедат правична медиумска застапеност на сите учесници во изборната трка.

Според неименуваните извори зад кои се затскрива текстот,

„Неговиот план (на Заев н.з.), бил со конструкции и пријави во координација со Јанева да создадат ситуација која би била погодна за одложување на изборите.“

 

„… секоја дискусија на лојалистите на Заев, кои биле задолжени да ги правдаат деструктивните постапки на нивниот лидер, била очигледно синхронизирана, како и тоа дека сите биле зачудени од фактот како партискиот портпарол Петре Шилегов објавил заклучоци пред почетокот на ЦО уште пред тие да се донесат.“

Но, тука нема одговор на прашањето за какви конструкции и пријави станува збор. Нема никакво објаснување, само се користат општи формулации со кои е лесно да се создаде погрешна слика во јавноста. Не е наведено ниту кои се тие „лојалисти“ на Заев, има ли и такви кои не му се лојални? Кои се тие деструктивни постапки на Заев? Ништо од ова не е јасно ниту, пак, има некаква изјава која упатува на ваквите наводи.

Исто така, неразбирливо е како

„… сите биле зачудени од фактот како партискиот портпарол Петре Шилегов објавил заклучоци пред почетокот на ЦО уште пред тие да се донесат“,

кога Шилегов не објави заклучоци пред почетокот на заседанието на централниот одбор на партијата, туку за време на состанокот на највисокото партиско тело. Наверојатно, следејќи во која насока се одвива дискусијата, тој  најави дека централниот одбор ќе ја потврди одлуката партијата да не оди на избори, а за другите заклучоци ќе се почека да заврши состанокот.

Во текстот недостига и официјален став од партијата, а не се забележува ниту дека бил направен обид да се добие такво мислење. Се добива впечаток дека втората страна е намерно игнорирана бидејќи написот нема идеја да ја прикаже сликата од сите агли, туку да напрви конструкција со која ќе го дискредитира опозицискиот лидер.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести