verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Какофоничен текст од почеток до крај

on 26 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Двоен аршин на опозицијата_ Во кое сво_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти]

Текстот е какофоничен од почеток до крај. Тоа значи дека е неусогласен, збркан и хаотичен. Истовремено, тој е несодржаен, не е објективен, нема изјава од нападнатата страна…

Zaev lenti skopje kumanovoЛинк до оригиналниот напис: Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти

Датум и време на објавување: 22.01.2016, 21:54

Датум на рецензирање: 25.01.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕ ЗАЕВ, ТУКУ ЖЕРНОВСКИ СЕЧЕЛ ЛЕНТА

Написот прави споредба помеѓу Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по пишувањата во медиумите дека поранешниот премиер сè уште се однесува како прв човек на Владата. Текстот во ниту еден момент не го проблематизира однесувањето на Груевски, туку го критикува однесувањето на Заев.

Самиот наслов, пак, „Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти“,  е невистинит.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, не сечел лента на отворањето на детската градинка „Кочо Рацин“ на 28 октомври 2015 година, туку само присуствувал како гостин. Тогаш медиумите информираа дека на свечената приредба:

„…присуствуваа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, родители, амбасадори, политичари, советници, пратеници…“

А на видеоснимката од настанот (0,14 минута) се гледа дека лентата ја пресекол градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Впрочем, и на фотографиите со кои е илустриран написот што го рецензираме може да се види дека Заев е во публиката.

Во оваа објава, исто така, се констатира дека

„Нема одговор ниту во кое својство Заев освен во Центар присуствуваше и на промоција на други проекти во Куманово. Очигледно сечењето на ленти кога станува збор за Заев, не важи.“

Меѓутоа, низ архивата на медиумите не може да се најде запис за тоа дека Заев сечел лента на некој проект во Куманово. Еден коректен текст би вклучил и изјава од Заев или од СДСМ, ама тука тоа не е сторено. Па, гледано во целина, на читателите им е понуден  еден непрофесионален новинарски производ во кој е изместено тежиштето на вистината.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести