verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извитоперена логика!

on 27 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

bnbhbhjh -ljubomir 11

[И пресудата во Стразбур потврди дека Ивановски бил соработник на службите]

 

Судот за човекови права во Стразбур неодамна ги информираше странките од Македонија дека ја укинал пресудата што ја донесе Комисијата за верификација на фактите против уставниот судија во пензија Трендафил Ивановски. Предметот е отворен на барање на жалителот Ивановски, откако тој ја проба среќата со домашното правосудство (Основниот управен суд, Вишиот управен и Врховниот).

Тоа сознание со големо поттурнување од социјалните мрежи некако стаса и до пошироката јавност, иако постоеше очевиден обид таа вест најпрвин да се сопре во стилот „Зауставите Ројтерс“. А потоа, кога веста не се сопре, се тргна кон тоа одлуката да се прикаже во сосема спротивна светлост. Како што се прави тоа и во рецензираниот текст, каде поништувањето на одлуката на Лустрациската комисија не ја негира улогата што ова тело му ја одредило на судијата Ивановски – дека е кодош! Како е тоа можно?
bnbhbhjh -ljubomirЛинк до оригиналниот напис: И пресудата во Стразбур потврди дека Ивановски бил соработник на службите

Датум и време на објавување: 22.01. 2016 17:55

Датум на рецензирање: 25.01.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

САМО ДВЕ ОСПОРУВАЊА ИЛИ БИТНИ ОСПОРУВАЊА?

„Одлуката на Комисијата подоцна беше потврдена од страна на надлежните судски органи, по што тој повел постапка пред судот во Стразбур, каде ги оспорил осум работи од неговиот случај. Од нив судиите му дале право за две.“

Овој цитат говори за целосно извитоперената логика со која се служи првиот човек на  Комисијата за лустрација, кој, фактички, во текстот е единствен толкувач на одлуката од Стразбур. Еден коректен напис би требало да има елементарна потреба да ја прочита „гласно“ пред читателите пресудата и да најде барем уште еден соговорник кој непристрасно (Аџиев е странка во спорот, кој го губи!) ќе протолкува што сакал Судот во Стразбур да каже (ви препорачуваме во скусена верзија за ова да прочитате овде , или во целина на ова место ).

Во интерес на вистината, треба да се каже дека Судот во Стразбур оценил дека се доволни две основи за да ја „кутне“ одлуката на македонските лустратори! Особено што со утврдениот факт дека во овој предмет има „недостиг на глобална правичност“, практично, се урива целиот случај! Ова текстот можел и морал да им го објасни на читателите, бидејќи Судот во Стразбур имал рационален пристап: ако нема услови да се дојде до правдата, правдата тогаш не е валидна и одењето во оцена на сите детали не е целисходно. Само во една полускриена реченица медиумот го кажува накусо, инаку, во пресудата подробно опишаниот момент кога тогашниот премиер Груевски низ еден свој јавен говор имал влијание врз целиот правосуден систем, па и врз самата комисија. А, за тоа во одлуката на Судот може да се најде доволно „штоф“ за да се сфати разобличениот систем низ кој се дели правда во земјава.
Особено паѓа в очи фактот што само на Аџиев му се дава право да оценува дека оваа пресуда (инаку прва во низата кои ќе следат) нема да влијае на односот на Судот во Стразбур кон другите жалби?!

Низ текстот цело време провејува обид да се задржи одбивниот став кон лустрираниот судија Ивановски како кодош, иако одлуката на Комисјата е падната (!), што е многу значајно за овој наслов. Тоа, секако, треба да ја задржи и одбојноста на јавноста (или дел од „сопствената“ јавност) кон Ивановски и тој во реалниот живот да трпи дискриминација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести