Рецензии

Скапа облека – евтин текст

на 19. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира!]

Текстот е критизерски скроен и е правен со единствена намера – да ја дискредитира заменик-претседателката на СДСМ. Уште во поднасловот на оваа медиумска содржина се најавува дека таа има цел да етикетира и да оцрнува. Тоа се гледа во начинот на кој се презентира работната биографија на Радмила Шекеринска. Линк до оригиналниот напис: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира! Датум и време на објавување: 17.01.2016 – 21:20 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ДА СЕ УНИШТИ УГЛЕДОТ НА ШЕКЕРИНСКА!

Користејќи го терминот „кариеристка“, написот ја претставува Шекеринска како „ловец на позиции и на богатсво“, чија главна цел

Нагласено пристрасен текст

на 18. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите]

Основни одлики на овој текст се премногу шпекулации, непроверени информации и голема доза тенденциозност. За сметка на тоа, се забележува отсуство на аргументи, поткрепени тврдења и на кредибилни извори. Линк до оригиналниот напис: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите Датум на објавување: 15.01. 2016, 23:34 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ ПОЛИТИЧКА ДИСТАНЦА

Вистинитоста на текстот што го рецензираме е крајно проблематична, тој не нуди докази дека изнесените тврдењата се точни. „Нашите извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши

Спинувана приказна

на 18. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Заев бега од избори затоа што се плаши од народот]

Текстот е едностран и коментаторски. Наместо информациите непристрасно да се презентираат, во согласност со новинарските стандарди, тие се коментираат, наменски се налепуваат нецелосни податоци и притоа се дава само владината страна. Линк до оригиналниот напис: Заев бега од избори затоа што се плаши од народот Датум и време на објавување: 16.012016, 12:44 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ВАЖНА Е САМО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ!

„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично ги напушти синоќешните преговори во Пржино, а со истата таа паника сака да го избегне соочувањето со народот.“ При презентирањето на веста се изнесува лична оцена на случувањата и се спинува целата приказна. Како поткрепаа на пласираните ставови

Партиско четиво, маскирано во вест

на 18. 01. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ играше оро и во 2011, па беше „прегазена“ (Видео)]

Особено плитко четиво, кое наликува на љубоморна игра својствена за малите деца: „Радувај се, радувај, ама да видиш што ќе ти се случи“! Апсолутно, нема ништо новинарско во оваа „видеосторија“. Новината, која во конкретниот случај,  и не е некаква вистинска вест, ја губи својата актуелност речиси до нула. Па, и онаа малку битна информација што ја има, целосно е засенета. Недостига новинарското „зошто“… Сè прави чудна и професионално неиздржана паралела меѓу минатото и сегашноста.  Линк до оригиналниот напис: СДСМ играше оро и во 2011, па беше „прегазена“ (Видео)  Датум и време на објавување: 14.01.2016,   21:41  Датум на рецензирање: 16.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ТЕКСТ ШТО „ТРЧА“ ЗА ВЛАСТА НАМЕСТО ЗА

Теми за разговор и прашања, не е исто

на 17. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?!]

  Прилогот го рецензираме по предлог на наш читател кој со право констатира дека „ Има разлика помеѓу теми за разговор и прашања што се знаат однапред.“ Линк до оригиналниот напис: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?! Датум и време на објавување: 14.01.2016 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ШИЛЕГОВ ИЛИ ПРИЛОГОТ Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА?

Уште во насловот, со значителна доза иронија се поставува прашањето како портпаролот на СДСМ не знаел дека неговиот лидер ги имал две недели претходно прашањата за интервјуто на „Канал 5“. Веднаш потоа во прилогот се оценува дека

Оптимизам од рано наутро!

на 17. 01. 2016 | |

[Рецензија: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април]

Прилогот што е предмет на оваа рецензија ја поставува демаркационата линија – ако изборите бидат на 24 април, тогаш има основа за оптимизам кај Македонците! Но, што ако не бидат? Дали, тогаш тоа е повод за поинакви чувства?! Тука целосно се пренебрегнува фактот дека среќа за еден народ можат да бидат фер, чесни и добро подготвени избори. А, ако тоа не се, тие можат да бидат основа за разни форми на несреќа за истиот тој народ!
Линк до оригиналниот напис: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април
Датум и време на објавување: 15.01.2016, 18:06

За неточни вести се објавува корекција

на 16. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски поднесе оставка]

  Текстот е неточен, едностран и без извори. Читателот не добива целосна информација за ситуацијата бидејќи во текстот се нафрлени штури податоци без нивно целосно разработување. Разработувањето на веста е неопходно за читателот да добие целосна претстава за тоа што се случува, но и за претходните настани кои довеле до веста, за кои можеби и не бил информиран. Линк до оригиналниот напис: Груевски поднесе оставка Датум и време на објавување: 14.01. 2016 Датум на рецензирање: 16.01.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

„После 10 години владеење, на големиот Христијански празник „Свети Василије“ , или православна нова година Никола Груевски поднел оставка на функцијата премиер и мандатор на владата, дознава Охридскај.“ Написот нуди неточна информација од неидентификуван

Неодговорно новинарство

на 16. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек]

  Текстот што го рецензираме„информира“ дека еден руски научник го открил „најмоќниот природен лек“. Но, во написот нема линк до неговата биографија или, пак, до неговите трудови. Ниту, пак, може да се прочита некаква медицинска – експертска експликација која би ги убедила читателите дека е во прашање „револуционерен лек“! Линк до оригиналниот напис:  Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек Датум и време на објавување: 13.01.2016, 21:31 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК?!

Во насловот на текстот е наведено е дека  се работи „за славен руски научник“, ама во содржинскиот дел на написот нема докази дека тоа е навистина така.  Од самиот напис не

Промашен наслов

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?]

  Насловот има интенција да ја шокира јавноста (дез)информирајќи ја дека Европа ќе ѝ  врати на Македонија стотина илјади бегалци. Во текстот нема факти што ќе ги потврдат ваквите наводи. Напротив, материјалот што го рецензираме најмногу се однесува на состојбата со мигрантите во другите европски земји. Линк до оригиналниот наслов: Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?  Датум и време на објавување: 14.1.2016 Датум на рецензија: 15.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ!

Во овој текст единствен дел што се однесува на Македонија е фрагментот од изјавата на комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс (кому му е згрешено и презимето, па е напишано 

Спинерски текст

на 15. 01. 2016 | |

[Рецензија:Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија]

  Ова е еден наменски скроен, манипулативен текст кој ја спинува вистината. Тенденциозноста е видлива уште со изборот на насловната конструкција: „Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија“ Линкуван наслов на анализираниот напис: Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија Датум и време на објавување: 12.01.2016 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот пренесува информација дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил гостин во вестите на телевизија „Канал 5“. И, наместо професионално да се извести што кажал Заев во интервјуто, се плука по него. „За сериозни теми одговараше несериозно и имаше