verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скапа облека – евтин текст

on 19 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Рада и Прада не се делат - кариеристи_ - http___vecer.mk_makedonija_rada-i- 11

[Рецензија: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира!]

Текстот е критизерски скроен и е правен со единствена намера – да ја дискредитира заменик-претседателката на СДСМ. Уште во поднасловот на оваа медиумска содржина се најавува дека таа има цел да етикетира и да оцрнува. Тоа се гледа во начинот на кој се презентира работната биографија на Радмила Шекеринска.

Рада и Прада не се делат кариеристиката од Пржино повторно се луксузира ВечерЛинк до оригиналниот напис: Рада и Прада не се делат – кариеристиката од Пржино повторно се луксузира!

Датум и време на објавување: 17.01.2016 – 21:20

Датум на рецензирање: 18.01.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ДА СЕ УНИШТИ УГЛЕДОТ НА ШЕКЕРИНСКА!

Користејќи го терминот „кариеристка“, написот ја претставува Шекеринска како „ловец на позиции и на богатсво“, чија главна цел е трошење пари, не само на народот, туку и на нејзиниот сопруг!

„Некој гради кариера во банка, некој на Универзитет, некој во партија, некој во Горно Седларце, друг во Брисел, трет во Пржино. Токму така, Радмила Шекеринска, актуелна заменичка-претседател на СДСМ која својата кариера ја изгради по амбасади, на грбот на СДСМ, на граѓаните и на паричникот на Бобо е – кариеристиката на Пржино.“

Текстот посочува дека вториот човек на опозицијата има „скап“ вкус, за облека, тврдејќи дека парчињата што ги носи, наводно, се од познати брендови. Меѓутоа, не нуди цврсти докази за да нè убеди дека тоа е така. Наводните суми на облеката се обидува да ги оправда со фотографии од интернет од производи од познати брендови, кои не се идентични со тие што ги носи политичарката. Во еден дел од материјалот и се наведува дека не се сигурни за кој бренд чанта станува збор:

„Нејзината чанта е од брендот Прада (така барем вели Гугл, иако ние мака мачевме да утврдиме дали е Прада или Хермес So Kelly).“

Пишувањето за луксузите на народните претставници е легитимна тема, ако со нив се разоткрива корупција или злоупотреба на функцијата. Дополнително, во конкретниот случај не се наведува дека Шекеринска повеќе не е пратеничка во Собранието на Република Македонија. Таа по изборите во 2014 година, доби апанажа, која минатата година, во текот на летото, ѝ истече. Испуштањето на повој податок создава впечаток дека таа сè уште прима плата од народот. Но, овој исклучително тенденциозен текст нема намера да се занимава со вистината, туку е фокусиран да го урниса угледот на Шекеринска.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести