Неодговорно новинарство
Објавено во Рецензии
on 16 - 01 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек]
Текстот што го рецензираме„информира“ дека еден руски научник го открил „најмоќниот природен лек“. Но, во написот нема линк до неговата биографија или, пак, до неговите трудови. Ниту, пак, може да се прочита некаква медицинска – експертска експликација која би ги убедила читателите дека е во прашање „револуционерен лек“!
Линк до оригиналниот напис: Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек
Датум и време на објавување: 13.01.2016, 21:31
Датум на рецензирање: 15.01.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК?!
Во насловот на текстот е наведено е дека се работи „за славен руски научник“, ама во содржинскиот дел на написот нема докази дека тоа е навистина така. Од самиот напис не може да се разбере конкретно за каков научник станува збор, каде е професор, што предава, која му е потесната специјалност…
Текстот тврди:
„Рецептот на рускиот научник, професорот Христо Мермерски, многумина го претставуваат како револуционерен лек, со којшто наводно илјадници луѓе успеале да се излечат од рак.“
Меѓутоа, оваа медиумска содржина не презентира елементи што би ги потврдиле ваквите наводи. Во написот нема ниту еден исказ на некоја личност што би посведочила дека овој рецепт навистина ѝ помогнал.
Па, тогаш, врз основа на што да веруваат читателите дека:
„тоа е храна за лечење на комплетниот организам, а ракот во таков организам едноставно се повлекува.“
За вакво „револуционерно откритие“ не е доволно да се каже „изјавил во своите предавања професорот Мермерски“, туку треба да се приложи издржана аргументација.
Згора на сè ова четиво презентира и рецепт како се прави „лекот“, со упатства како да се консумира! И, тоа не е новинарство. Oбјавувањето информации за некакви „спектакуларни“ медицински откритија, кои шират лажна надеж, е неетички, неодговорно и непрофесионално.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови