Промашен наслов
Објавено во Рецензии
on 15 - 01 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија:Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?]
Насловот има интенција да ја шокира јавноста (дез)информирајќи ја дека Европа ќе ѝ врати на Македонија стотина илјади бегалци. Во текстот нема факти што ќе ги потврдат ваквите наводи. Напротив, материјалот што го рецензираме најмногу се однесува на состојбата со мигрантите во другите европски земји.
Линк до оригиналниот наслов: Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?
Датум и време на објавување: 14.1.2016
Датум на рецензија: 15.1.2016
Рецензент: Силвана Жежова
БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ!
Во овој текст единствен дел што се однесува на Македонија е фрагментот од изјавата на комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс (кому му е згрешено и презимето, па е напишано „Мујжниекс“). И таму воопшто не се споменува бројка од „стотина илјади бегалци“, која е наведена во насловот, а која, всушност, е „истресена“ од ракав.
„Враќањето на мигрантите од Австрија во Унгарија, врз основа на Даблинскиот договор, би можело да доведе до сериозно прекршување на нивните човекови права, бидејќи во тој случај унгарските власти ќе почнат автоматски да ги депортираат тие луѓе во Србија, а понатаму и во Македонија, опомена Мујжниекс.“
Во текстот, инаку, недостига клучниот елемент од изјавата на Муижниекс што се однесува на Македонија:
„Комесарот наведува дека УНХЦР издал препорака земјите да се воздржат од враќање на мигрантите во Македонија сè додека не се унапреди системот за добивање азил во таа земја.“
Овој важен дел од исказот на комесарот за човекови права на Советот за Европа дава сосема поинаква слика за проблемот со мигрантите, во која нема место за „шокот“ од насловот на текстот. Фактички, насловната конструкција: „Шок: Европа ќе врати во Македонија стотина илјади бегалци?“, е целосно промашување и прашалникот воопшто не го ублажува таквиот впечаток.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
има во насловот
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови