За неточни вести се објавува корекција
Објавено во Рецензии
on 16 - 01 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Груевски поднесе оставка]
Текстот е неточен, едностран и без извори. Читателот не добива целосна информација за ситуацијата бидејќи во текстот се нафрлени штури податоци без нивно целосно разработување. Разработувањето на веста е неопходно за читателот да добие целосна претстава за тоа што се случува, но и за претходните настани кои довеле до веста, за кои можеби и не бил информиран.
Линк до оригиналниот напис: Груевски поднесе оставка
Датум и време на објавување: 14.01. 2016
Датум на рецензирање: 16.01.2016
Рецензент: Димитар Тануров
ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА
„После 10 години владеење, на големиот Христијански празник „Свети Василије“ , или православна нова година Никола Груевски поднел оставка на функцијата премиер и мандатор на владата, дознава Охридскај.“
Написот нуди неточна информација од неидентификуван извор, а истата не е поткрепена ниту со друг извор, како, на пример, извори од Владата или, пак, од владејачката партија.
Веста истовремено е некомплетна бидејќи станува збор за наводен епилог од настан кој се одвива повеќе од една година, поради што е неопходно потсетување на претходните моменти, како што се прави тоа при вест во низа. Дури и да станува збор за „вонредна вест“, подоцна истата се дополнува.
Во овој случај, не е објавена корекција на погрешната информација, што е спротивно на професионалните новинарски стандарди. Непроверените и погрешни вести, не само што ја дезинформираат јавноста, туку истовремено придонесуваат за уривање на довербата на читателите во медиумот, создавајќи чувство на изиграност и на обид за привлекување интернет-кликнувања, а не за вистинско пренесување на информациите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосна невистина
не може да се утврди
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови