Рецензии

Непотврдени информации како стопроцентна вистина

на 12. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии]

  Текстот што е пред нас има сензационалистички наслов и во јавноста пласира непроверена информација. Написот содржи тенденциозни напади, не ја почитува презумцијата на невиност и само врз база на претпоставки како виновни посочува конкретни личности наведувајќи ги со име и со презиме. Инаку, текстот се повикува на друг портал и тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот до медиумот. Линк до оригиналниот наслов: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии Датум и време на објавување: 09.01.2016, 14:10 Датум на рецензија: 11.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СО ЛЕСНОТИЈА ИСКАЖАНИ ОБВИНУВАЊА

Написот е целосно преземен од  друга веб-страница (вклучувајќи ги и насловот и фотографијата) и

Пувка од новинарски текст

на 11. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии]

  Го прочитав по четврти пат текстот што е предмет на оваа рецензија за да бидам сигурен дека нема да се огрешам, кога тврдам дека тезата и твдрењето во насловот со ништо не се потврдени во ниту еден елемент од содржината на текстот. Тоа го прави овој текст крајно дилетантски, тенденциозен, политички пристрасен и професионално неиздржан. Линк до оригиналниот напис: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии Датум и време на објавување: 11.01.2016, 10:16 Датум на рецензирање: 11.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ДИЛЕТАНТСКИ НАПИС

Еве ги сега аргументите за да ги потврдат оцените од почетокот на рецензијата. Нема никаква индиција дека Спасовски наредил да бидат тргнати заедничките фотографии со министерот

Агенциска вест упропастена со коментари

на 11. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема избори на 24 април, Договорот од Пржино нема да важи]

Пример за тоа како може да се преземе една вест и потоа да се урниса со неквалитетни „надградени“ состојки. Убава информација од кредибилен извор добива поинаков тек зашто некој проценил, ама, за жал, погрешно, дека има потреба од коментаторски формулации како „бегање од избори“, „партија која не сака да се појави на избори“, „паника“, „катастрофа“ итн. Ова малку наликува на примерите од автомобилската индустрија во минатото – кога некоја источноноевропска држава ќе преземеше од Западна Европа мотор за свој модел на возило и потоа ќе го „дополнеше“ со т.н. технички новитети, кои не само што не ги подобруваа неговите перформанси, туку и ги расипуваа.  Линк до

Каква врска има ФБ-статусот за Белизе со граѓаните?

на 11. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер]

  Овој текст е напишан со единствена цел да се оцрни портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Притоа, се користи негов фејсбук-статус и од него се извлекува  теза  дека Шилегов за Бадник им се потсмевал на граѓаните, што е неточно.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер Датум и време на објавување: 6.12. 2016, 20:27 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РАВЕНСТВО МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ

Написот се потпира само на објавата на Шилегов на „Фејсбук“ и од неа се прави конструкција во која тој се претставува во негативно светло. „Гласноговорникот на Зоран Заев и на Бадник покажа целосно непочитување кон

Шок од непрофесионалност и од невкус!

на 11. 01. 2016 | |

[Рецензија: ШОКАНТНО: Заев имал чести психички напади и редовно ја претепувал сопруга?!]

  На која и на каква публика ли ѝ се обраќа написот што е предмет на оваа рецензија, би се прашал човек? Се работи за екслицитно пренесена навредлива содржина од приватен блог, во јавноста веќе познат како извор кој лиферува шпекулации, клевети и навреди упатени кон политички неистомисленици. Текстот е со содржина со која се атакува врз приватниот живот, чест и углед на истакнат претставник на опозиција. Објавениот напис нема ништо со новинарството – има целосно нерелевантен, некредибилен извор, нема структура на новинарска информација, нема ниту обид за оградување од пренесените тврдења, ниту обид да се истражи вистината, говорот е недоличен, а пренесените наводи не се ништо друго

Трпезата за Бадник, одредница за личната среќа!

на 9. 01. 2016 | |

[Рецензија: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава?]

Насловот на текстот се обидува да го поврзе тоа што се наоѓа на трпезата на еден верски празник со среќата на луѓето во текот на годината. Интенцијата на овој напис, всушност, не е ништо друго освен привлекување повеќе читатели и кликнувања. Линк до оригиналниот наслов: Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава? Датум и време на објавување: 5.1.2016 Датум на рецензија: 8.1.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ПТИЦИТЕ НЕ ПЕАТ ЗА БАДНИК!

Не постојат научни докази, а не е ниту слушнато, ниту видено дека за Бадник престануваат да се одвиваат голем број природни појави поврзани со животинскиот свет, како што се наведува на 

Факти нема, коментари безброј

на 9. 01. 2016 | | sq
Оригинален напис: „Селмани  не кажува кој бил „јакиот“ кој ги наполнил гласачките кутии за тој да победи“ Скопје, 16 декември – Поранешниот Вицепремиер Имер Селмани во своето интервју за Телевизија Шења вели дека фалсификувањето на изборите е скоро невозможно. Тој признава дека од 2000-та година па навака, гласањето во албанските општини се врши во семејна форма, каде едно лице, „јакиот“ на маалото, може да собере и до 200 гласови за една политичка партија. Селмани со оваа изјава не сака да прецизира дали зборува за себеси, кога од 2000-та година со помош на одредени групи кои го заплашуваа народот од Дрвенскиот регион, тој убедливо победуваше на избори. „Фалсификувањето и манипулирањето на изборите во Македонија еволуираше многу брзо. Ако во 2000 година

Илјадници евра истресени од ракав!

на 9. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра]

  Ова е уште еден од низата текстови што неуморно се обидуваат да ја дискредитираат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е една од најважните алки во процесот за расчистување на најголемата криза во која се наоѓа Македонија по конфликтот во 2001 година. Линк до оригиналниот напис: Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра Датум и време на објавување: 05.01.2016, 11:11 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРОЦЕНКИ ОД ОКО

Најновиот напад е дека „семејниот буџет на обвинителката тежи илјадници евра“, а освен претпоставката за платата на Јанева, нема ниту еден друг податок дека буџетот на нејзиното семејство достигнува толква сума. Самиот збор „илјадници“, пак, не е конкретен

Спинерски текст за политичка пресметка

на 9. 01. 2016 | |

[Рецензија: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал]

Пред нас имаме текст  со впечатлив наслов, напишан во сензационалистички манир. Написот натежнува од тенденциозни напади, во него се нижат непотврдени обвинувања и лични дискредитации. Линк до оригиналниот напис: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал Датум и време на објавување: 03.01.2016 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да им се одмаздува на професионалците во МВР кои учествуваа во разоткривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ.“ Уште на почетокот од текстот се изнесува сериозно обвинување, дека министерот Спасовски им се одмаздувал на професионалците во МВР. И наместо ваквата теза да се аргументира,

Премолчено името на „миленикот на премиерот“

на 8. 01. 2016 | |

[Рецензија: Николовски обвини за злоупотреби со концесиите за пасишта]

Како  еден од клучните аспекти на настанот е „изземен“ од оваа вест? Како е заборавен еден значаен „детаљ“? Како не се кажува дека дополнителниот заменик-министер за земјоделство обелодени дека во случајот со, како што изјави, злоупотреби со давање под концесија државни пасишта, клучна фигура е човек од медиумите, кој не само што ја брани политиката на владејачката постава, туку се однесува како тој самиот да е дел од власта? Одговорот е, ете така (не)убаво! Линк до оригиналниот напис: Николовски обвини за злоупотреби со концесиите за пасишта  Датум и време на објавување: 04.01.2016 14:26  Датум на рецензирање: 05.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ЦЕНЗУРИРАНО

 Секој текст што форсира селективен пристап се коси со