Рецензии

Подгреана бајата медиумска чорба

на 30. 12. 2015 | |

[Рецензија: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?]

  Текстот што го рецензираме може да биде пример за студија на случај, односно за еден феномен особено присутен во последните години во македонската новинарска практика – подгреани медиумски содржини, односно манџи. Тоа се текстови што немаат никаква нова информација. Наместо тоа, имаат само намера да атакуваат некого со стари шпекулации и со недокажани инсинуации, рециклирани и ставени во „нова“ рамка колку да се подгреваат обвинувања, тензијата, нетрпеливоста насочени кон целта, најчесто некоја или повеќе личности. Линк до оригиналниот напис: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски? Датум и време на објавување: 27.12.2015, 10:49 Датум на рецензирање: 30.12.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ОБВИНИТЕЛ, СУДИЈА И ЏЕЛАТ

Оттаму, наместо

Толкувањата на новинарот не се дел од професионализмот

на 30. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков”] Толкувањата не се дел од професионализмот во новинарството. Во моментот кога новинарот си дава право да протолкува една одредена изјава, тој излегува од рамките на навинарската професија. Линк до оригиналниот напис: „Соработникот на Тачи се плаши од Мијалков“ Датум на објавување: 04.12.2015 Датум на рецензија: 18.12.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Рецензираниот текст содржи коментари и толкувања по желба на новинарот. Текстот има привлечен наслов, но е тенденциозен. Пред да извести за ставот на пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху, искажан во Анкетната комисија за скандалот со прислушување, новинарот дава лично мислење за ставот на пратеникот. „Фејзулаху има страв во списокот на ДПА да бара отчет од Сашо Мијалков, Никола Груевски и Гордана Јанкуловска.“   Ваквиот

„Весела математика“ со цената на горивата

на 30. 12. 2015 | |

[Рецензија:Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари]

  Сензационален наслов за сензационална манипулација. Како тоа бензините во Македонија поевтинија до 30 денари за литар?! Цената на нафтените деривати се намали, ама не на спектакуларните половина евро за еден литар!   Линк до оригиналниот напис: Од денеска ново големо поевтинување на бензините – литар гориво за 30 денари  Датум и време на објавување: 28.12.2015 10:27  Датум на рецензирање: 29.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

 НАСЛОВОТ ГО УНИШТИЛ ТЕКСТОТ

 Ни се продава „финта“, веќе видена, и од нас низа пати критикувана. Aма еве, сепак, повторена – залепи јак наслов кој не кореспондира со содржината и чекај „кликови“. Повеќе посети значат подобар настап пред комерцијалните огласувачи, ама квантитетот и

Обвинение и признание не е исто

на 30. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:  ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е по предлог на наш читател, кој прашува: „А каде е пресвртницата“. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот Датум и време на објавување: 23.12.2015 Датум на рецензирање: 29.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

А КАДЕ Е ПРЕСВРТНИЦАТА?

Имено, од насловот на овој напис, се добива впечаток дека Труција признала оти намерно го соборила рускиот авион. Но, кога ќе го отворите текстот, сфаќате дека такво нешто нема, туку тоа е само тврдење на Русија. „Министерството за одбрана на Русија обвинува дека Турција намерно го соборила рускиот воен авион СУ-24“. Обвинување и признавање не е исто и

Селективна приказна за аџилакот во Мека

на 29. 12. 2015 | |

[Рецензија: Со фалш-турски пасоши од фабриката за афери се продавале визи за аџилак по 400 евра]

  Иако текстот што го рецензираме има наднаслов „Се расплеткува клопчето“ (една од најкористените стилски фигури во новинарството), се чини дека написот ептен ја заплеткува целата ситуација во аферата со работилницата за лични карти. Секако, без да навлегуваме во толкување на процесот на истрагата, по повод ова откритие и вредноста на најдените материјали (докази), одново имаме исфрлување на дилемата како еден медиум може да добие цела сторија и да пополни страница со интригантна содржина, повикувајќи се на полициски извори? Потоа, наводно најдените материјали  се врзуваат за ИВЗ. Дали тоа значи дека имаме сосема поинакви интереси во аферата со лични карти? Каде е тука обвинението

Пропагандата не е новинарство!

на 29. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ] Новинарот не смее да пропагира на сметка на неговата професија. Една половична вест или извадена од етичките рамки на професијата, не може да се смета за статија што информира. Линк до оригиналниот напис: „Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ” Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензирање: 20.12.2015 Рецензент: Адриан Керими
Веста што ја рецензираме има премногу недостатоци, како структурални така и содржински, но, над сè, таа има цел да пропагира. Јавноста треба да знае што се гради од буџетските средства и за каква функција, кого властите финансираат, но ова не значи дека новинарот е тој што треба да ги фактурира заслугите. Оваа одлука му припаѓа на читателот, кој го

Израсна статусот на „Фејсбук“ и стана вест

на 29. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Мехмети:„Нека ни е за навек основањето на Државниот Универзитет на албански јазик „Мајка Тереза” во Скопје”] Социјалните мрежи секој ден сè повеќе стануваат прва влезна порта кон веб-страниците и сè повеќе се интензивира нивната улога како електронска пошта за комуникација, заменувајќи го е-маилот како медиум креиран ексклузивно за оваа намена. По „Гугл“, „Фејсбук“ со повеќе од 500 милиони корисници во светот, оди кон сопствена централизација во кибернетскиот свет. Функциите на оваа социјална мрежа се многубројни и главно се познати за корисниците. Главното прашање е: дали помислил некогаш авторот на оваа мрежа, дека овој прозорец ќе се користи за да се врши новинарство преку статусите што се објавуваат таму? Линк до оригиналниот напис: „Нека ни е за навек основањето на

Веста се разликува од соопштенијата или соопштенијата не се вест!

на 28. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Ватра во партнерство со Општина Сарај”] Соопштението или поинаку, писмениот став на кој било субјект, го претставува само ставот на едната страна во веста. Обично, соопштенијата се многу субјективни, полни со коментари и so промотивни зборови. Нивното целосно препишување и пренесување до јавноста, претставува прекршување на Етичкиот кодекс на новинарите. Линк до оригиналниот напис: „Ватра во партнерство со Општина Сарај” Датум и време на публикација: 16.12.2015 Датум на рецензија: 17.12.2015 Рецензент: Адриан Керими
Реакциите и подбуцнувањата помеѓу двете страни, треба да се третираат и пренесат на балансиран начин. Новинарот и медиумот не смеат да навиваат за една страна. За да игра конструктивна улога како новинар, авторот е обврзан да побара став и од другата страна. „Ги информираме

Занимливостите кои се дел од работата на новинарот не треба да се сметаат за девијација од веста

на 28. 12. 2015 | | sq
[Рецензија:„Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф”] Минатонеделните протести за високото ниво на загадување на воздухот во Тетово, беа проследени со големо внимание од медиумите. Секој медиум се обидуваше да пренесе свое видување на настанот за да привлече внимание. Некои од порталите го следеа и протестот, информирајќи ја јавноста директно од местото на настанот. Еден од нив извести и за инцидентот со нивниот новинар. Една таква вест е интересна, но, треба да се внимава да не го одвлече вниманието од самата вест. Линк до оригиналниот напис: „Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф” Датум и време на публикација: 18.12.2015, 14:58 Датум на рецензија: 20.12.2015 Рецензент: Фатлуме Дервиши
Протестите обично заземаат голем медиумски простор, особено

Наменско четиво кое ја извртува вистинската слика

на 28. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор]

  Невистина, манипулација, а и непознавање на правната процедура… Наменско четиво кое на тенденциозен начин ја извртува реалноста и намерно ја заведува публиката на „темната страна“,  сервирајќи своевидни партиски билтени, „обландирани“ во наводна информација. Серија обвинувања и етикетирања, а никаде факти и аргументи. Резил-текст!  Линк до оригиналниот напис: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор  Датум и време на објавување: 25.12.2015, 15:10  Датум на рецензирање: 26.12.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

 СЕРИЈА ГРЕШКИ

 Написот има серија недостатоци, кои ќе ги групираме во три столбови:  1. Правен аспект и невистинитост Обвинителството предлага укинување мерка притвор, а судот решава. Тоа значи дека тврдењето „Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор“ е тешка