verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наменско четиво кое ја извртува вистинската слика

on 28 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Media.mk_ - http___media.mk_article_139470_jan 11

[Рецензија: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор]

 

Невистина, манипулација, а и непознавање на правната процедура… Наменско четиво кое на тенденциозен начин ја извртува реалноста и намерно ја заведува публиката на „темната страна“,  сервирајќи своевидни партиски билтени, „обландирани“ во наводна информација. Серија обвинувања и етикетирања, а никаде факти и аргументи. Резил-текст!

 113Линк до оригиналниот напис: Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор

 Датум и време на објавување: 25.12.2015, 15:10

 Датум на рецензирање: 26.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 СЕРИЈА ГРЕШКИ

 Написот има серија недостатоци, кои ќе ги групираме во три столбови:

 1. Правен аспект и невистинитост

Обвинителството предлага укинување мерка притвор, а судот решава. Тоа значи дека тврдењето „Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор“ е тешка невистина, но и промашување, што покажува дека тој што го напишал или, пак, препишал текстот нема абер од следење, новинарски кажано, судство и судски процеси. Дека некој „заталкал“ во темата или намерно застранил, зборува и цитираниот став на Специјалното јавно обвинителство во кое јасно се наведува што било предложено:

„Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција“.

За разлика од овој материјал, во написи  објавени во други медиуми, може да се види дека веста е јасно и прецизно пренесена, така како што треба.

2. Коментари, спинувања, етикетирања, пристрасност

Текстот што го рецензираме е силно проткаен со коментари. Спин-елементите се толку нагласено застапени, што генерално гледано, реалноста е искривена до мерка на непрепознатливост.

  • Скандал на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор.
  • Ова е срамно однесување на јавната обвинителка и секако е голем скандал при нејзиното работење.
  • Јанева докажа дека е параван на Заев додека тој го крши и законот и договорот од Пржино.
  • Неделникот Фокус кој во јавноста важи како партиско гласило на СДСМ…
  • Со ваквата одлука на Јанева, таа остава основан простор за сомнеж дека работи целосно под палката на Зоран Заев, а ослободувањето на Верушевски кој се терети за тешко дело, е огромен скандал.

Пристрасноста на овој напис се  гледа од авион. Доволно е само да се прочита соопштението на владејачката партија  и работите стануваат јасни. Дополнително, кога ќе се видат и другите безмалку идентични текстовивпечатокот на политичко-партиска диригираност е неизбежен.

Инаку, за одбележување е тоа што за разлика од првичните изјави на премиерот, дадени во време на изборот на Јанева, таа веќе не ѝ по ќеф на власта.

3. Неаргументираност и отсуство на извори

Каде се аргументите или фактите за изнесените тврдења? Каде се доказите за „соучесништво“ на специјалната обвинителка со првиот опозиционер? Кој вели дека таа е нечија „маша“ и работи по директива на СДСМ? Нема одговор на овие прашања, поточно нема и соодветен извор кој би ги оправдал тешките зборови. Можеби е така, а можеби не. Нагаѓања и шпекулации од типот „рекла-кажала“ поминуваат во муабет и во дебатирања по кафеани, а не во новинарски написи.

Значи, утната основна теза и понатамошно потфрлање на речиси сите елементи што треба да ги има еден нормален текст. Ова е материјал на кој не треба да се троши време.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести