verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целосно „забегани“ текстови и „чуден“ воен аналитичар

on 28 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Трета светска почнува во четврток - Ла_ - http___press24.mk_treta-svetska-po 11

[Рецензија: Трета светска почнува во четврток – Лазански прислушувал разговори на НАТО офицери]

 

За што известува медиумската содржина што ја рецензираме? Таа известува дека в четврток ќе почне третата светска војна. Текстот се повикува на некојси портал ли, весник ли, што ли е, кој се вика, замислете – „Табу“ и пренесува изјава на Мирослав Лазански, кого го нарекува „најистакнат воен аналитичар на екс-ју просторите“.

Тој, најистакнат воен аналитичар, датумот кога ќе почне третата светска војна го дознал додека прислушувал група генерали во некојси хотел во Виена!

Што? Не ви се верува? Дозволете ми уште еднаш да ви ја опишам ситуацијата при која се случило големото откритие.

Во еден хотел во Виена, се собрале група генерали на НАТО и во фоајето на хотелот го договарале датумот за почеток на третата светска војна. Арно ама, тие не забележале дека зад нив, свртен со грб, бил најистакнатиот воен аналитичар од поранешните југословенски простори. Лазански се преправал дека ги разгледува моцарт-куглите, а валцерите на таткото и на синот Штраус не биле толку гласни за да му попречат на Лазански да го слушне „клучниот фрагмент ѝ се открива на светската јавност“ – во четврток почнува третата светска војна.

Дали сега ви се верува? Се разбира – не!!!


Трета светска почнува во четврток - Ла_ - http___press24.mk_treta-svetska-poЛинк до оригиналниот напис: Трета светска почнува во четврток – Лазански прислушувал разговори на НАТО офицери

Датум и време на објавување: 04.12.2015

Датум на рецензирање: 07.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ФАНТАЗМАГОРИЈА

Тоа што нема ниту збор ниту, пак, линк до „Табу“ од каде што, наводно, се презема оваа содржина, е најмал пропуст. Целата идеја да преземете една ваква содржина (за која, уште еднаш нагласувам, не знаеме од каде е преземена бидејќи освен назив на некојси медиум, нема линк), е навистина, најблаго кажано – несериозна.

Еве, јас уште еднаш ја прочитав и веќе нема да ја читам зашто почна силно да ме тера на смеење, а тоа не е добро за објективноста на рецензијата.

Но, ви се молам, што  од методологијата за проверка на фактите од медиумите да ѝ спротиставите на оваа медиумска содржина за да ја одмерите нејзината веродостојност?

За изворот веќе констатиравме. За вистинитоста треба да му веруваме само на прислушкувачот Лазански. Но, можете ли да му верувате на аналитичар кој во хотел во Виена прислушкувал заговор за трета светска војна? Смешно е, нели ви реков.

На, крајот, вусшност се крие јадицата на оваа небулоза, а тоа е дека целата оваа фантазмагорија на аналитичарот е да се изрекламира неговата книга.

А медиумите се фатија на неговата јадица…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести