verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст како „обвинителен акт“

on 26 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Додека Бекири правел криминал за СДСМ,_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 1

[Рецензија: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ]

 

Текстот што е пред нас зрачи со тенденциозност  уште од насловот: „ Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ“.  Целиот материјал натежнува од  обвиненија за Бекири за кои отсуствуваат какви било факти. Со леснотија и без докази му се припишуваат криминални активности, кои тој, наводно, ги извршувал во име на СДСМ.

Додека Бекири правел криминал за СДСМ,_ - http___kurir.mk_makedonija_politikЛинк до оригиналниот напис: Додека Бекири правел криминал за СДСМ, сопругата зема пари од ПОЦ

Датум и време на објавување: 22.12.2015

Датум на рецензирање: 25.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

 

ОЦРНУВАЊЕ

Написот на самиот почеток му припишува на Бекири партиска поврзаност, како и тоа дека, наводно, намерно креирал лажни афери за да ѝ наштети на владејачката партија. Во него се изнесуваат обвиненија за кои не постојат конкретни судски докази.

„Захир Бекири кој е дел од структурите на СДСМ имал за цел да креира лажни афери со цел намалување на рејтингот на функционерите на владејачката партија. Во неговата фабрика се фалсификувале афери, но и бугарски пасоши, како и швајцарски сметки.“

За да ги убеди читателите дека Бекири имал „тесна врска со опозициски функционери“, текстот дури го инволвира и неговиот малолетен син. Тоа е недозволиво во етички исправното новинарство.

Во овој манипулативен напис е прикажан скриншот од ФБ-профилот на Бекири, на кој се гледаат фотографии што треба да „посведочат“ за неговата поврзаност со СДСМ.

„На неговиот профил на социјалните мрежи може да се забележи дека на 3-ти декември годинава го фотографирал и својот син со Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.“

Понатаму, текстот се обидува да „докаже“ дека како резултат на некаква партиска блискост и наводно одработување  за опозициската партија,  сопругата на Бекири е вработена во „Паркинзи на општина Центар“, претпријатие на кое, исто така, му се дава партиски предзнак.

Па, во отсуство на цврста аргументација и извори што ќе ја потврдат веродостојноста на наводите, оваа медиумска содржина во која затаиле професионалните новинарски принципи, има цел да го оцрни Бекири и по секоја  цена да му натовари „обвинителен акт“. 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести