Медиумот ги прогласува виновниците и ги казнува и потоа случајот го презема судот
Објавено во Рецензии
on 25 - 12 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi[Рецензија: „Лажни сметки во Швајцарија се подготвени за Ахмети и Џафери – се сомнева дека сценариото е на СДСМ и Божиновски?!”]
Веднаш по откривање на едно незаконско дело „новинарите“ брзаат да го прогласат виновникот и своите написи ги базираат на информации кои ги добиваат од несоодветни извори. Последниве денови во јавноста се рашири веста дека се идентификувани и уапсени тројцата осомничени за фалсификување на документите за идентификација (скандал откриен неколку недели претходно), но нивниот идентитет остана непознат за јавноста. Ова беше објавено од Основниот суд, но понатамошниот тек на настаните не беше јавен. Некои медиуми, глумејќи професионалност и мислејќи дека прават истражувања и големи откритија, сервираат идеи и заклучоци кои не ги добиваат од одговорните органи што ја вршат истрагата.
Линк до оригиналниот напис: „Лажни сметки во Швајцарија се подготвени за Ахмети и Џафери – се сомнева дека сценариото е на СДСМ и Божиновски?!”
Датум на објавување: 21.12.2015
Датум на рецензирање: 22.12.2015
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Во насловот се тврди дека „ Лажни сметки во Швајцарија се подготвени за Ахмети и Џафери…” но, во текстот не се поткрепува истиот, и единственото нешто што произлегува е дека се продлабочуваат сомнежите со третман на завршен чин. Ниту еден сведок или извор не покажува дека во Швајцарија се отворени такви сметки и медиумот нема никаков документ кој докажува дека сметките се отворени за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, или пак вицепремиерот Муса Џафери.
Оваа категорија на медиуми кои со причина јавноста ги смета за посебни поради некоја нивна карактеристика и за кои доволно е само да се спомнат па да биде јасно зошто е тоа така, тврди дека сето ова е дело на македонската опозициска партија СДСМ. Вакво нешто не тврди ниту полицијата, а ниту судовите, затоа што за овој случај нема никаква судска постапка, ниту е донесена било каква судска пресуда.
Иако нема факти, авторот не само што ги прогласи виновниците, ја завршил истрагата и ги именувал иницијаторите на овој чин, туку зборува и за неговите крајни цели.
Овие три поединци кои биле многу блиски соработници на највисокото претседателство на СДСМ, фалсификувале документи со кои сакале лажно да прикажат дека политичари и високи функционери од Македонија имаат банкарски сметки во Швајцарија. Оваа група, заедно со СДСМ подготвиле стапица и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети и за вицепремиерот на Владата, Муса Џафери, божем албанските политичари вложиле милиони евра во швајцарските банки.
Авторот тврди дека ги открил намерите на нарачателот на ова дело (кој според него, без трошка сомнение, е СДСМ) и се однесува како да ја открил тајната на векот, кога вели дека целта била да се актуелизира скандалот за време на изборите на 24 април.
Авторот, според своја логика, коментира и зошто овие три поединци преку кои е завршена нарачката се одбрани да бидат Албанци, а не Македонци.
Македонската опозициска партија овој скандал го подготвила добро и негова цел била истиот да се активира една недела пред парламентрарните избори кои ќе се одржат на 24 април идната година. На овој начин СДСМ злоупотребувајќи ги тројцата Албанци имал намера скандалот да не добие национална конотација, затоа што ако фалсификаторите беа Македонци, тогаш скандалот не би бил уверлив за народот.
Авторот го прекршил Етичкиот Кодекс на Новинарите и ова „вест“ е најнепрофесионалниот производ кој може да му се понуди на читателот.
- Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
- Докажувањето на точноста на информациите е етички императив на новинарството, затоа новинарот е должен да ја докаже точноста на информацијата од што поголем број извори, најмалку од два независни извори.
- Изборот на факти мора да обезбеди објективни информации, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата за која се пишува.
- Освен моралната одговорност која авторот ја има за објавување на непотврдени информации и сомнежи без факти, тој треба да биде свесен дека може да сноси правна одговорност за клевета, доколку се докаже дека информациите не се точни.
(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниеден извор
ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови