verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Занимливостите кои се дел од работата на новинарот не треба да се сметаат за девијација од веста

on 28 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија:„Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф”]

Минатонеделните протести за високото ниво на загадување на воздухот во Тетово, беа проследени со големо внимание од медиумите. Секој медиум се обидуваше да пренесе свое видување на настанот за да привлече внимание. Некои од порталите го следеа и протестот, информирајќи ја јавноста директно од местото на настанот. Еден од нив извести и за инцидентот со нивниот новинар. Една таква вест е интересна, но, треба да се внимава да не го одвлече вниманието од самата вест.

Telegraf - Nga vezët e drejtuar komunës pëson edhe gazetari i Telegrafit 1Линк до оригиналниот напис: „Од јајцата наменети за општината настрада и новинарот на Телеграф

Датум и време на публикација: 18.12.2015, 14:58

Датум на рецензија: 20.12.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Протестите обично заземаат голем медиумски простор, особено поради фактот дека станува збор за јавен интерес (или на одреден дел од јавноста), што всушност (јавниот интерес -н.з.), е и цел на новинарот. Инцидентите или демонтрациите што доаѓаат од страна на демонстрантите, обично се очекувани настани. Во овој случај, гаѓањето на зградата од Општина Тетово со јајца, во знак на протест, беше кулминација на овој настан. Медиумот што ние го анализираме известуваше коректно за настанот. Во една од вестите, медиумот известуваше и за инцидентот што му се случи на неговиот новинар.

„За време на протестот за чист воздух во Тетово од страна на демонстрантите пред Општина Тетово погоден е со јајца и новинарот на Телеграф, Елмедин Мемиши.“

Објавувањето на оваа вест, дека случајно бил удрен и нивниот новинар, треба да се смета за занимливост, како од медиумот така и од читателот. Ако не се следат известувањата во континуитет и се чита само оваа вест, ненамерно може да се добие претстава дека фокусот е кај новинарот, а не кај настанот, иако медиумот коректно го проследил протестот.

Недоразбирањето може да произлезе и од формулацијата на текстот или, поточно, од редот подолу:

 

„Исто така, освен новинарот на Телеграф, со јајца, камења и други предмети е погодена и зградата на Општина Тетово.“

Независно што веста очигледно беше една занимливост, известувањето треба да се врши без да настане недоразбирање.

Нападите врз новинарите „креваат врева“, бидејќи се сметаат за напади врз слободата на изразување, но во овој случај воопшто не било така. Дури и со фотографии е прикажан новинарот, за кој очигледно е дека не се смета себеси за загрозен и дека го поднел ова многу спортски. Инцидентот не бил намерен и не се случило ништо повеќе, така што ова за јавноста останува една информација што ја покажува природата на новинарската работа. Оваа информација можеше да се објави како занимливост, а не опишана со реченицата „Освен новинарот на Телеграф е погодена е зградата на Општина Тетово“.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести