Рецензии

Како од сообраќајка се конструира случај!

на 8. 01. 2016 | |
 

[Рецензија:„Нетпрес“: Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил ]

Од сообраќајна несреќа во која има самo материјална штета, се прави приказна со која се сака да ѝ се наштети на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за напис преземен од друг портал (што е наведено, но не е ставен линкот), кој се повикува на неименувани полициски извори и не ја вклучува втората страна. Материјалот што го рецензираме целосно се потпира на овој текст и го пласира без никаква дополнителна доработка, односно без да ја провери информацијата и да побара став од засегнатата страна – обвинителката (и портпаролка) во Специјалното јавно обвинителство. Дотолку повеќе, истиот ден за овој случај имаше соопштение од Специјалното јавно обвинителство, кое не

Малициозен текст

на 5. 01. 2016 | |

[Рецензија: Хрватските уставни судии им делат лекции на политичарите]

Радува фактот дека се зголемува бројот на претставници од медиумската публика што реагираат на непрофесионалност, недоследност и на етички проблематични новинарски позиции и ставови. Тоа го осведочуваат и сѐ повеќе читатели на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ), од кои добиваме предлози за рецензии на медиумски содржини во кои се забележани дури и најсуптилни манипулации „скриени“ во, навидум, коректните стории. И во овој случај се среќаваме со еден таков предлог на читател на СПФМ. Читателот вели: „Тенденциозен текст со обвинувања кои не се официјални и потврдени.“ И навистина, целиот текст е изграден на темелите на една незавршена, неистражена политичка приказна, каква што е случајот со прислушуваните разговори. Аголот од

Гревот на министерката!

на 5. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете]

Овој напис е скроен наменски за да ја нападне министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Притоа, се форсира теза дека таа морала да го посети првороденото дете. Линк до оригиналниот напис: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете Датум и време на објавување: 2.01. 2016, 15:02 Датум на рецензирање: 04.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ И НАВРЕДЛИВ ТОН

Од самиот почеток на текстот е видлива намерата министерката за труд и социјална политика да се претстави во лошо светло. Тенденциозноста особено се забележува во насловната конструкција, која има навредлив тон. „Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете“ Изборот, пак, на една од

Веста треба да ги опфати сите страни

на 5. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: „Репликата на Азизи од ДУИ за пратеничката на ДПА”]

Ова беше реплика на пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи во врска со информацијата за аерозагадувањето, побарана од страна на пратеничката на ДПА Мерале Узеири – Ферати, која континуирано ја обвинуваше ДУИ. Драга колешке, немам многу за кажување, затоа што вашиот говор беше само повторување на она што го кажавте и во дискусијата за буџетот и за Извештајот за напредок на ЕУ , а и во пратеничките прашања и при секоја седница на парламентот на која вие присуствувате, што искрено и не се случува многу често. Од вашиот говор единствено заклучив дека најпосле сте научиле кој е министер за екологија, односно Нурхан Изаири и за ваша информација Беким Незири е министер

Текст нагрден со клевети и со цинизам

на 4. 01. 2016 | |

[Рецензија: Кубик глупости и никакви гаранции!]

Би рекле, некоректно четиво и тоа во најмала рака. Основната информација е „надградена“, ама и нагрдена со неаргументирано клеветење, висок степен на цинизам, силно ниво на пристрасност и со недозволиво жанровско мешање на коментар со извештај.  Линк до оригиналниот напис: Кубик глупости и никакви гаранции!  Датум и време на објавување: 30.12.2015 16:14  Датум на рецензирање: 03.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ЗАГОВОРНИЧКА ТЕЗА ЗА „СВРЗАНИ САДОВИ“

Да се обвини лидерот на опозицијата дека само тој е виновен за пробивањето на сите рокови утврдени во Пржино, е јасен показател за пристрасноста на материјалот. Постојат цела низа изјави на третата страна во преговорите – меѓународната заедница што го тврдат токму спротивното. Опозицијата навистина требаше да ги достави прислушуваните

Депласиран наслов, промашена тема

на 3. 01. 2016 | |
 

[Рецензија: Заев и наложи на Јанева да падне „Пуч“]

  Ова е еден од манипулативните написи со кои јавноста беше дезинформирана околу фактите поврзани со случајот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева и со почитувањето на законската обврска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги предаде материјалите од прислушувањето на Специјалното јавно обвинителство. Во овој текст, уште во насловот стои тврдењето дека Заев ѝ издавал наредби на специјалната обвинителка Јанева и таа теза во содржинскиот дел воопшто не се образложува, ниту поткрепена со докази. Написот има проблем со изворите: се повикува на неколку изјави од различни лица – некои се анонимни, тие изјави не ги цитира, туку ги парафразира. А кога тие ќе се анализираат поединечно, излегува дека се

Највулгарна манипулација за повеќе кликови

на 3. 01. 2016 | |

[Рецензија: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно]

  За содржината на овој напис не се знае дали е  вистинита или не. Се  тврди дека е „исповед објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и пролемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти“. Но, такви страници на „Фејсбук“ има премногу. А тука не е наведно името на страницата ниту, пак, има линк. Така, тешко може да се поверува во веродстојноста на напишаното. Од друга страна, како  може статус на „Фејсбук“ да биде релевантен и единствен извор за некоја вест? Линк до оригиналниот напис: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно Датум и

Суптилно дефокусирање од суштината

на 3. 01. 2016 | |
 

[Рецензија: Настрана Хан, никој нема да не натера на избори]

  На прв поглед, овој текст, кој го рецензираме како предлог на читател на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ), оддава впечаток дека е доследен во следењето на принципите според кои треба да се „спакува“ една медиумска содржина. Ги има двете страни во политичкиот конфликт, дури и третата – онаа на меѓународната заедница, односно на главниот олеснувач во преговорите меѓу најголемите политички партии во Македонија. Сепак, внимателното читање открива дека формалната исправност на пристапот во пишувањето ја крие суштината на продлабочувањето на политичката криза, што се состои во ставањето во втор план на серијата причини поради кои опозицијата најавува дека ќе го проблеамтизира 24 април како

Со анализа против брзо заборавање на фактите

на 3. 01. 2016 | |
   

[Рецензија: За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија]

  Несомнено дека деновиве едно од најчесто цитираните истражувањa во медиумите е она на Центарот за истражувачко новинарство „Скуп“ Македонија, со кое се анализира трошењето на парламентарниот буџет за покривање на патните трошоци во користење на сопствено возило на парламентарците. Само по себе тоа е веќе голем успех за која било потрошена енергија во насока на укажување на големите девијации во политиката, а ова несомнено е такво – за 10 години по оваа основа на пратениците им се исплатени 7,4 милиони евра. Со овие пари можеше да се изградат пет нови училишта со капацитет од 2.600 деца или

Фејсбук-статус и вест, не е исто

на 30. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит]

  Текстот е фејсбук-статус кој не содржи корисна информација за јавноста. Ниту информира, ниту едуцира. Во никој случај не станува збор за вест што може да биде објавена во еден медиум. Линк до оригиналниот напис: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит Датум и време на објавување: 16.12.2015, 10:24 Датум на рецензирање: 30.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРИКЗАНА ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА

Непознато е дали е побарана и добиена дозвола да се пренесе личен, приватен статус од социјална мрежа. Дури и ако целта била да ѝ се помогне на девојката да го пронајде момчето, текстот не одговара на едно