verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Малициозен текст

on 5 - 01 - 2016       

01052016-Dnevnik-Ustaven 11

[Рецензија: Хрватските уставни судии им делат лекции на политичарите]

Радува фактот дека се зголемува бројот на претставници од медиумската публика што реагираат на непрофесионалност, недоследност и на етички проблематични новинарски позиции и ставови. Тоа го осведочуваат и сѐ повеќе читатели на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ), од кои добиваме предлози за рецензии на медиумски содржини во кои се забележани дури и најсуптилни манипулации „скриени“ во, навидум, коректните стории.

И во овој случај се среќаваме со еден таков предлог на читател на СПФМ. Читателот вели: „Тенденциозен текст со обвинувања кои не се официјални и потврдени.“

И навистина, целиот текст е изграден на темелите на една незавршена, неистражена политичка приказна, каква што е случајот со прислушуваните разговори. Аголот од кој ѝ се пристапува на оваа тема е Законот за заштита на приватноста, кој беше донесен како дел од пакетот закони и мерки со кои треба да се реши политичката криза во Република Македонија. Се проблематизира закон кој е донесен на предлог на четирите најголеми политички партии во парлементот, во кој владејачката коалиција има мнозинство. Тоа значи, доколку имале каква било дилема околу законот и неговото спроведување, политичките актери на власта можеле да интервенираат. Во таков случај новинарите немаше да се ставаат во улога на политичари и на судии – уставни.

01052016-Dnevnik-Ustaven

Линк до оригиналниот напис: Хрватските уставни судии им делат лекции на политичарите

Датум и време на објавување: 03.01.2016, 18:18

Датум на рецензирање: 05.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ОТВОРЕНА ПРИСТРАСНОСТ

Не велиме дека новинарите не треба да пишуваат, да коментираат, да застапуваат… Но, велиме дека тоа треба да се прави соодветно на професионалните стандарди, а тие во овој текст ги нема.

На пример: Текстот е полн со коментари и со мислења кои не се издвоени од фактите и од неутралноста од која треба да се анализираат чувствителните политички теми. Така налага и членот 13 од Кодексот на новинарите:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Токму низ тие коментари се провлекува и политичката пристрасност, која на моменти е дури и сосема отворена:

„…СДСМ почна со снимките да тргува и да бара начин тие да бидат објавени во странство, сепак, остана прашањето како се заштитува приватноста во РМ од вакви ујдурми…“

Заради тоа потсетуваме на членот 14 од новинарскиот Кодекс, кој нагласува дека:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

(НЕ)КУЛТУРА НА ГОВОРОТ

Уште еден, многу важен аспект, произлегува како сознание од медиумската содржина што ја рецензираме на предлог на читател на СПФМ – културата на говорот и комуникацијата со јавноста.

За новинарите нема „свети крави“ кога е јавниот интерес во прашање и кога треба да се повикаат одговорните на одговорност и на владеење на правото. Но, во таа прозивка, секако, не треба да се биде малициозен (употребуваме странски збор за злонамерен, н.з.) и да се оспорува кредибилитетот на институциите. Како поинаку, освен како малициозност, да се чита оваа реченица од текстот:

„Како би изгледало кога Македонија би имала Уставен суд.“

Или, како да се чита и оваа реченица која освен што е навредлива за Република Македонија, навредува и друга суверена и пријателска држава со исказот:

„Македонија не е нормална држава ниту како Хрватска.“

Може да прифатиме дека ова отсуство на чувство за деликатност може да ѝ се измолкне на авторката на текстот, но како тоа поминало низ уредничкото сито?!

И овој феномен е опфатен со Кодексот на новинарите во членот 15:

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести