verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како од сообраќајка се конструира случај!

on 8 - 01 - 2016       

„Нетпрес“_ Специјална јавна обвинителк_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_n 11

 

[Рецензија:„Нетпрес“: Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил ]

Од сообраќајна несреќа во која има самo материјална штета, се прави приказна со која се сака да ѝ се наштети на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за напис преземен од друг портал (што е наведено, но не е ставен линкот), кој се повикува на неименувани полициски извори и не ја вклучува втората страна.

Материјалот што го рецензираме целосно се потпира на овој текст и го пласира без никаква дополнителна доработка, односно без да ја провери информацијата и да побара став од засегнатата страна – обвинителката (и портпаролка) во Специјалното јавно обвинителство. Дотолку повеќе, истиот ден за овој случај имаше соопштение од Специјалното јавно обвинителство, кое не е додадено во написот (како обновен текст) ниту, пак, го има како посебна информација.

sjo soobrakajka obvinitelskaЛинк до оригиналниот напис: „Нетпрес“: Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил

Датум и време на објавување: 4.01. 2016,10:54

Датум на рецензирање: 05.01.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Имено, во текстот што е пред нас се тврди:

„Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.“

Но, наспроти ваквите наводи во сопштението од Специјалното јавно обвинителство се вели:

„До незгодата е дојдено како последица од излизгување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата…“

Еден коректен пристап подразбира дека написот требало да ја содржи или дополнително да ја ажурира и оваа информација. Се разбира, доколу се сакало да се даде точна информација и објективен приказ на настанот. Меѓутоа, очигледно, намерата не била таква.

Инаку, во врска со оваа сообраќајна несреќа, обвинителката имаше и изјава за еден медиум, во која, меѓу другото, негира дека возела со голема брзина и вели дека „не возела повеќе од 40 километри на час и оти има траги на кочење“.

„Тоа беше незгода поради невнимание, бидејќи налетав на осојничаво место со мраз. Направив грешка и инстинктивно закочив, поради што излетавме во провалија од 13 метри. Најрегуларно си повикав полиција и се направи записник за да може потоа да се наплати осигурувањето. За среќа, јас и мојот сопатник поминавме без никакви повреди, но возилото е тотално оштетено.“

 

ПОМЛАДО МОМЧЕ!

Написот сосема непотребно навлегува и во приватноста на обвинителката. На неколку места се нагласува дека била придружувана од помладо момче, а се изнесуваат и претпоставки дека се работи за

„наводно близок пријател на неколку години повозрасната Ристоска.“

Тоа е сосема ирелевантно за самата сообраќајка.

Исто така, нејасно е зошто во текстот се прозива Специјалното јавно обвинителство дека оттаму немало „никаква информација“ , иако за сообраќајни несреќи известува МВР преку дневните билтени, а не обвинителството. Покрај тоа, токму поради ваквите написи објавени во некои  медиуми, Специјалното јавно обвинителство во конкретниот случај имаше и реакција.

Подолу, пак, во написот неумесно се налепува случајот со  Зоран Верушевски, а неизбежно се споменува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Овојпат, се наметнува дилемата дали Заев ги предал оригиналите од прислушуваните материјали и веднаш се прави конекција со аферата со фалсификувани лични карти и со уапсениот Захир Бекири – Чауш. На крајот, пак, текстот завршува со заклучокот дека „Ристоска многу бргу и многу лесно ѝ го одзеде приматот (на Јанева н.з.)!“.

А, каква врска има сето ова со сообраќајката на обвинителката Ристоска? Никаква!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести