Гревот на министерката!
Објавено во Рецензии
on 5 - 01 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете]
Овој напис е скроен наменски за да ја нападне министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Притоа, се форсира теза дека таа морала да го посети првороденото дете.
Линк до оригиналниот напис: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете
Датум и време на објавување: 2.01. 2016, 15:02
Датум на рецензирање: 04.01.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ И НАВРЕДЛИВ ТОН
Од самиот почеток на текстот е видлива намерата министерката за труд и социјална политика да се претстави во лошо светло. Тенденциозноста особено се забележува во насловната конструкција, која има навредлив тон.
„Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете“
Изборот, пак, на една од фотографиите со кои е илустриран текстот и на која е прикажана Ременски со намуртен лик и со остар поглед, треба да го засили впечатокот за „нечовечност“.
Написот, инаку, е целосно преземен од друг портал каде, сепак, има покоректен наслов и употребена е фотографија на која министерката е насмеана.
РЕМЕНСКИ „НА СТОЛБОТ НА СРАМОТ“!
Текстот, потоа, во содржинскиот дел, ставајќи ја Ременски во негативен контекст, нагласува дека нејзиниот претходник, Диме Спасов,
„во првиот ден од годината го посетуваше првороденото бебе и доделуваше плакета или златна монета.“
Написот уште кажува дека овојпат првото бебе го посетија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и министерот за здравство, Никола Тодоров. Но, не спомнува, на пример, дека премиерот не го посети првороденото бебе.
Во медиумите имаше информација дека Груевски последен пат посетил првородено бебе во 2013 година. Па, тргнувајќи од логиката според која Ременски се става на столбот на срамот и се обвинува за нечовечност, може ли ваква паралела да се повлече и со премиерот?! Сигурно дека еден разумен резон не сугерира такво нешто. Меѓутоа, искривената перцепција што ја креира овој материјал упатува и на таков заклучок.
Од друга страна, независно што „посетата на првото родено бебе“ не е работна задача на еден министер, сепак, кога веќе на Ременски тоа ѝ се забележуба како голем грев, требало таа да биде прашана зошто направила таков „пропуст“. Само, очигледно, „втората страна“ не се вклопувала во концептот на ова критизерско четиво, кое има единствена цел – да ја нападне министерката.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови