Највулгарна манипулација за повеќе кликови
Објавено во Рецензии
on 3 - 01 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно]
За содржината на овој напис не се знае дали е вистинита или не. Се тврди дека е „исповед објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и пролемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти“.
Но, такви страници на „Фејсбук“ има премногу. А тука не е наведно името на страницата ниту, пак, има линк. Така, тешко може да се поверува во веродстојноста на напишаното. Од друга страна, како може статус на „Фејсбук“ да биде релевантен и единствен извор за некоја вест?
Линк до оригиналниот напис: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно
Датум и време на објавување: 29.12.2015,12:04
Датум на рецензирање: 30.12.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПРИМИТИВИЗАМ
Ова е пример како највулгарно може да се поигрува со некој текст. Настрана што, можеби, во прашање е измислена приказна, каков е јавниот интерес да се објави вакво нешто?
Дали текстот информира? Не! Дали има образовна функција? Не! Па, зошто тогаш е воопшто пласиран?
Единствена цел на оваа манипулација со сексуална конотација е да предизвика што поголемо внимание и повеќе кликнувања.
Самиот наслов и фотографијата, пак, немаат врска со понудената содржина. Тие изгледаат исклучително вулгарно и му даваат примитивен тон на целиот напис. Напишаното е далеку од вест, претставува срам за професионалното новинарство и навреда за читателите.
И, што да се каже кога ќе се прочита вакво нешто. Каде е дното? Длабоко, многу длабоко!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови