verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Суптилно дефокусирање од суштината

on 3 - 01 - 2016       

12302015-Dnevnik-Han-Izbori-crop-resize

 

[Рецензија: Настрана Хан, никој нема да не натера на избори]

 

На прв поглед, овој текст, кој го рецензираме како предлог на читател на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ), оддава впечаток дека е доследен во следењето на принципите според кои треба да се „спакува“ една медиумска содржина. Ги има двете страни во политичкиот конфликт, дури и третата – онаа на меѓународната заедница, односно на главниот олеснувач во преговорите меѓу најголемите политички партии во Македонија.

Сепак, внимателното читање открива дека формалната исправност на пристапот во пишувањето ја крие суштината на продлабочувањето на политичката криза, што се состои во ставањето во втор план на серијата причини поради кои опозицијата најавува дека ќе го проблеамтизира 24 април како ден за вонредните избори, туку само се истакнува дека партијата не го почитува договореното од Пржино.

12302015-Dnevnik-Han-IzboriЛинк до оригиналниот напис: Настрана Хан, никој нема да не натера на избори

Датум и време на објавување: 28.12.2015, 22:13

Датум на рецензирање: 31.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште повеќе, нагласката во овој текст е ставена на таканаречената „фабрика за афери“, која се поврзува со наводни активности на луѓе блиски до опозицијата.

Како и да е, тоа со фабриката е сѐ уште далеку од докажана работа и сега засега, доколку се употребува со новинарски текстови, треба да се става во таков контекст. Каква било друга употреба наведува на намера за дефокусирање од суштината.

Она што, исто така, суптилно го нагласува оваа медиумска содржина, е дека договорениот датум за вонредни избори е светост и дека:

„…финална цел на договорите од Пржино беше предвремени избори.“

Оваа нагласка, всушност, е инструментот за дефокусирање на суштината, бидејќи Договорот од Пржино и утврдениот датум се само рамката со инструменти за да се врати функционалноста на институциите, владеењето на правото, слободните избори и слободата на медиумите.

Тоа е суштината, а не датумите и членовите на Договорот, особено ако тие не се преточени во закон.

Заради тоа, оваа медиумска содржина е дефокусирање од суштината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести