verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со анализа против брзо заборавање на фактите

on 3 - 01 - 2016       

За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра SКУП-crop-resize

 

 

[Рецензија: За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија]

 

Несомнено дека деновиве едно од најчесто цитираните истражувањa во медиумите е она на Центарот за истражувачко новинарство „Скуп“ Македонија, со кое се анализира трошењето на парламентарниот буџет за покривање на патните трошоци во користење на сопствено возило на парламентарците. Само по себе тоа е веќе голем успех за која било потрошена енергија во насока на укажување на големите девијации во политиката, а ова несомнено е такво – за 10 години по оваа основа на пратениците им се исплатени 7,4 милиони евра. Со овие пари можеше да се изградат пет нови училишта со капацитет од 2.600 деца или 30 градинки со капацитет да згрижат околу 3.000 деца. Што е она по што оваа анализа треба да се пофали?

За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра SКУПЛинк до оригиналниот напис: За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија

Датум и време на објавување: 28.12.2015

Датум на рецензирање: 30.12

Рецензент: Љубомир Костовски

„Пратеникот во Македонското собрание од изборната единица Азија и Австралија, Васко Наумовски, е скоро непознат за домашната јавност. Ретко се појавува за излагање, за реплика или пак за да постави пратеничко прашање. Но, ако се суди според сумите кои ги наплатил за да патува низ државава, очигледно тој повеќе е активен надвор, на терен отколку во собраниското столче. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, дојде до податоци кои говорат дека Наумовски успеал да наплати неверојатни 971.474 денари, или 15.800 евра, од Собраниската благајна од октомври 2014 до октомври 2015 година за користење на сопствено возило за службени потреби во Македонија.“

Овој цитат, инаку, е само издвоен сегмент од потрошувачка навика на одредени народни претставници да земаат сè што „ќе им се пружи“ и кое навистина шокира, бидејќи е наплатено од страна на пратеникот за кратко време. Но, оној кој ќе ја чита или користи анализата, може лесно да ја согледа целата димензија на оваа форма која може да се третира и како додатна форма на богатење на дел од политичката елита.

Не се работи за некаков обичен список на пратеници и износите што тие ги добиваат на име на амортизација на возилото, цената на горивото и на цената на билетите за користењето на автопатот, туку и за можност тие графички да се добијат со кликнување на градовите од каде доаѓаат, со што се нуди одредена прегледност и евентуално се воочуваат одредени индивидуални разлики во покривањето на трошоците. Графичките решенија, кои ги има неколку, а кои се врзуваат за одредени сегменти на темата, укажуваат на своевидно „модернизирање“ на приодот кон истражувањето.

И покрај тоа што обично е тешко да се дојде до претставници на власта за вака непријатни за неа теми, авторот (авторите) на анализата имаат кус разговор со поранешен претседател на Центар за даночна политика и соработник на Никола Груевски во Министерството за финансии, кој смета дека овој начин на наплата на надоместоците е лош (Славко Лазевски).
Овој текст има уште два извори по пратеничка линија и секако од ваква анализа би се очекувало да ги има повеќе. Воедно, мора да се истакне дека истата анализа со одредени надградби „Скуп“ ги има објавено веќе во јануари годинава и генерално со варијација ја следи темата. Не е добро кога авторот (авторите) се вплеткува, макар и преку еден од изворите во темата за изградба на собраниски станови како „излез од состојбата“, бидејќи јавноста веќе долго очекува да се разоткрие фактот дека многу од тие кои земаат надомест за патување со свое возило имаат станови во Скопје – свои или под наем!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести